22:25 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ова се децата на Жарко Лаушевиќ: Се бават со уметнички професии, живеат во Њујорк

Актерот Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст, а зад себе остави три деца и сопругата Анита.

Жарко Лаушевиќ е татко на три деца. Асја ја имаше од првиот брак, со Маја Лаушевиќ, со која го има и синот Душан. Подоцна со сопругата Анита ја добил ќерката Јана.

Она што е неоспорно е неверојатната убавина со која ја плени Асја. Во 2014 година се омажи за црногорскиот музичар Никола Бошковиќ со кој живее во Њујорк.

Иако не е активна на социјалните мрежи, во нејзините кругови се зборува дека зрачи со харизма.

Фејсбук

Асја се занимава со фотографија, а нејзините дела изобилуваат со панорама на Црна Гора.

Она што е исто така познато е дека со сестра им Јана, Асја и Душан имаат одлични односи, исто како што имале одлчни односи и со нивниот татко.

Јана пак, е најмладото дете на познатиот актер Жарко Лаушевиќ, а очигледно не сака да се истакнува во јавноста.

принтскрин

Пред неколку години, некои медиуми пишуваа за Јана дека е успешна студентка, која многу личи на нејзиниот славен татко. Секој кој ќе ги погледне нејзините профили на социјалните мрежи, лесно може да заклучи дека Јана Лаушевиќ е голем љубител на животните, особено на кучињата. Таа работи и како инструктор по пливање за деца во слободното време. Помладата ќерка на Жарко Лаушевиќ, која актерот ја има од  бракот со мејкап артистката Анита Рогановиќ, живее во Њујорк, каде во меѓувреме, заврши факултет и се посвети на кариерата на односи со јавност, во медиумите и маркетингот.

принтскрин

Она што е малку познато е дека неговиот син играл во филмот „Подобро од бегство“ (Боље од бјега) како дете. Душан го играше синот на Петар, главниот лик. Тогаш имаше само три години.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....