13:21 - 28 ноември, 2026

Жарко Лаушевиќ ќе биде кремиран: Ова е неговата последна желба

Погребот и кремирањето на актерот Жарко Лаушевиќ ќе се изврши во понеделник на 20 ноември 2023 година.

Погребот и кремирањето ќе се направат на Новите гробишта во Белград со почеток во 14 часот, а оваа вест за медиумите ја потврди неговата сопруга Анита Лаушевиќ.

Лаушевиќ изрази желба до вечното почивалиште да биде испратен онака како што живеел – тивко и повлечено.

Глумецот оставил во аманет на своето семејство да биде кремиран и неговото испраќање да биде во Белград. Инсистирал погребот да помине без церемонии и говори, во најблискиот круг на семејството и пријаелите, потврдил извор за српски Курир.

Лаушевиќ е роден во Цетиње, а најголем дел од својата кариера ја градеше во Белград. Потсетуваме, Жарко Лаушевиќ почина во средата на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Тој беше еден од најпознатите југословенски актери.

(Фото) Ова се децата на Жарко Лаушевиќ: Се бават со уметнички професии, живеат во Њујорк

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....