13.8 C
Скопје
02:40 - 30 септември, 2026

(Фото) Александра Ристеска „гази“ во модниот свет: „Доволно сум свесна за својата убавина“

Убава, преубава. Запоменете го добро нејзиното име, Александра Ристеска. Има 21 година, а откако се закити со бројни титули за убавина, продолжува цврсто да „гази“ во модниот свет. 

Фото – Зоран Попоски Аверел

Како се случи да влезеш во модните води, што најмногу те плашеше на почетоците, а какви соништа негуваше?

– На 16 годишна возраст добив понуда од модната област, ја прифатив и така започна сè. Емоцијата страв никогаш не била присутна, затоа што имав некаква лична сигурност и самодоверба. Бев задоволна од мојот прв моден проект и така се одлучив да ги прифатам предизвиците кои следуваа.

Дали во меѓувреме се разочара од оваа професија во Македонија? Колку всушност во нашата земја може да се занимаваш професионално само со моделство?

– Очекував непрофесионални работи, но знаев да се справувам со тоа и продолжив храбро понатаму. Не го гледам тоа во Македонија како професионално занимање, односно го гледам како одредено искуство и тренинг за понатамошни успеси.

Кои твои успеси ги сметаш за најголеми, а на кои целиш?

– Според мене, освен титулите за мис и фотосесиите што сум ги снимала, како и рекламите, можам да ја издвојам рекламата на Златен даб. А целам на слични успеси од типот на реклами и фотосесии.

Според твоето искуство на работа со странски земји, кои земји моментно се најдобри за живеење и пласман на една моделка?

– Сè уште намам реализирано нешто конкретно во странство, но сум доволно информирана да знам каде се случуваат најдобрите модни настани, а тоа се Милано, Лондон, Париз и Њујорк.

Дали на моделството гедаш како отскочна даска за друга професија, на пример, глума? Во која професионална област се гледаш себеси во иднина?

– Не ми е отскочна даска туку предизвик кој е многу интересен и убав, а секако по завршувањето на кариерата ќе продолжам со актерство во кое нема лимит на години.

Што студираш?

– Моментално сум студент на правниот факултет „Јустинијан Први“, не ми е предизвик, но сакам да имам академско образование.

Што според тебе е денес неопходно да се успее како модел во странство со оглед на тоа што конкуренцијата е немилосрдна?

– За да се успее како модел во странство пред сè е важно да се има „персоналити“, нормално и да ги имаш физичките предиспозиции како убава фигура, убава кожа, секако и најважното – убаво лице кое има приказна или нешто кажува.

Кои девојки актуелно се најбарани? Каков изглед е во тренд?

– За тоа не одлучувам јас, туку одлучуваат модните дизајнери и секоја година се менуваат земјите за посакувани девојки во модата.

Со какви предрасуди најчесто се соочуваш во однос на убавината?

– Немам никакви предрасуди, доволно сум самата свесна за својата убавина.

Фото – Зоран Попоски Аверел

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....