16:32 - 31 март, 2026

(ФОТО) НЕОБИЧЕН БОЖИК: Славната манекенка ги прослави празниците правејќи најразлични акробации на плажа

Изабел Гуларт

Ангелот на Викторија Сикрет, Изабел Гуларт католичкиот Божик го поминала на песочните плажи на Бахамите со својот вереник, фудбалерот Кевин Трап.

37-годишната убавица ја покажа извајаната фигура во црвено бикини, а со Кевин покажаа колку се фит правејќи најразлични акробации кои секако не поминаа незабележано.

„Со љубов од сончевиот Св. Бартс, ви посакуваме среќен Божик“, напиша таа во описот на фотографијата на која вереникот ја држи за раменици додека таа е свртена наопаку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

Изабел и Кевин понесени од празничната атмосфера на главите ставиле црвени капи, а со себе понеле и фотографка која била задолжена да ги овековечи топлите празнични моменти.

Манекенката го привлече целото внимание со својата витка фигура и бронзен тен.

Една од фотографиите која ја објави на својот инстаграм-профил, предизвика лавина реакции, а меѓу многуте коментари се најде и Дејвид Гета.

„Многу импресивно, но сега мојата девојка сака и ние да го направиме истото. Јас сум во неволја поради тебе!“, се пошегува славниот диџеј, а Изабел му одговори дека ќе мора да ја задоволи својата девојка.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....