07:51 - 15 декември, 2025

(ФОТО) НЕ БИРАШЕ СРЕДСТВА ЗА ДА СТАНЕ СЛАВНА: Захија Дехар спиеше со двајца фудбалери кога беше малолетна проститутка

Денес, таа е модел и актерка, а лансира и сопствен бренд за долна облека!

Никогаш не бираше средствата за достигнување слава, а пред седум години се најде во центарот на скандалот кога се дозна дека двајца фудбалери имале односи со неа, во времето кога таа била малолетна проститутка.

Името на Захија Дехар е добро познато во Франција, но и ширум светот по скандалот во 2010 година, кога фудбалерот Карим Бензем, заедно со Франк Рибери, се најде во центарот на скандалот поврзан со тогашната малолетна проститутка Захија Дехар. Захија добила 700 евра за вечерта со играчите, а потоа добила покана за на суд, на која било утврдено дека „фудбалерите не можеле да знаат колку години има таа“. Во јануари 2014 година, парискиот суд ја отфрли тужбата против француските фудбалери Карим Бензема и Франко Рибери, за заведување на малолетната Захија Дехар во 2010 година.


Од моментот на овој скандал, нејзината кариера „експлодираше“, па се најде на насловните страници на многу светски весници, а финансиерите од сите страни ѝ нудеа пари за да ја изгради саканата кариера. Поради нејзиниот став и постојаните интервјуа, таа го доби надимакот „Скандалозна“. Инаку е родена во Алжир на 25 февруари 1992 година, а на десетгодишна возраст се преселила во Франција со својот брат. На 16 години стана проститутка, а се зборуваше дека заработува 20.000 евра месечно од најстариот занает во светот.

Нејзиниот татко сè уште живее во Алжир, а од својата ќерка се откажа веднаш по обвинувања и секс скандалот. Во Франција, сексуалниот однос е дозволен од 15 -годишна возраст, но законот исто така вели дека проститутката не смее да биде помлада од 18 години. Поради неа, Бензема престана да игра за националниот тим непосредно пред Светското првенство во 2010 година.

Денес, таа е актерка со познати улоги во филмовите „Лесна жена“ и „Џозефина, бремена и прекрасна“, а во меѓувреме го искористи огромниот медиумски публицитет и стана дизајнер на долна облека.

Слични објави

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо
Се вчитува....