21.8 C
Скопје
17:23 - 28 март, 2024

(Фото) Најубаво украсени новогодишни елки на познатите личности, досега! Од елката на Ким Кардашијан до Кајли Џенер и Лили Колинс

И ѕвездите се подготвуваат за Божиќ и Нова година, а изминативе денови ни покажаа како ги украсиле своите домови. Меѓу нив: Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Лили Колинс…

Ако сте љубители на Божиќ и празничната атмосфера, нема ништо поубаво од украсениот, топол дом: до католичкиот Божиќ – 25 декември, остануваат уште нешто повеќе од 2 недели! Па ѕвездите побрзаа да ги украсат домовите и да купат подароци за блиските.

Еве ги најубавите украси што ги видовме досега.

Елката во домот на Ким Кардашијан

Основачката на марката Скимс, откако ги растури аранжманите за Ноќта на вештерките, веднаш го опреми нејзиниот дом во полн Божиќен стил. Во нејзиниот случај, не било доволна само една елка, туку најмалку десетина. Тука е елката во централната просторија, целосно покриен со лажен снег и светилки, а потоа има неколку други елки – дури и во нејзината бања, горе-долу сите во ист стил. Како што кажа на Инстаграм, Ким сака да има растенија во нејзината бања. На Божиќ – тоа може да биде елка.

Еве како украси Мили Боби Браун

Очигледно Мили мног го сака Божиќ бидејќи таа беше една од првите познати личности што го украси домот, уште во средината на ноември.

Елката, многу класична, е украсена на традиционален начин, но она што ја прави посебна е фактот што е прво украсување направено заедно со нејзиното момче Џејк Бонџови. Откако го завршија украсувањето, споделија сладок бакнеж и го објавија на Инстаграм.

Божиќ во домот на Прајанка Чопра

Новогодишната елка на парот Пријанка Чопра и Ник Џонас се издвојува по својата висина. Како што може да се види од приказната на Инстаграм што ја сподели актерката, елката речиси го допира таванот. Но, нема ѕвезда или лампион на врвот на елката: премногу комплицирано било за да се закачи.

„Мала благодарност до малата Малти, бебето кое го добивме пред 10 месеци, кое помогна во изборот на украсите“ – напиша актерката.

Кајли Џенер – елка рекордерка во висина

Наградата за висина оваа година ја добива Кајли Џенер. Магнатот на Кајли Козметикс смета дека е соодветно да монтира две гигантски дрвја во нејзината куќа. Тие би биле многу посоодветни на отворено, но очигледно никој од нас никогаш нема да може да разбере колку високи можат да бидат сводовите на куќата на Џенер.

Крис Џенер – подароци за внуците

За да се види елката, треба уште малку да се почека, но мајката не можеше да не остави без ништо да покаже. На една фотографија на Инстаграм, таа покажа 12 кукли, во форма на елф, секоја посветена на секое од нејзините внуци. Најверојатно, ќе им ги подели на секој од нив за време на раскошните божиќни прослави што секоја година се одржуваат токму во нејзината куќа.

Лили Колинс ги сака елките

Малку индиции за тоа како е уреден празнично домот на актерката. Единственото нешто што го знаеме, е тоа што е надвор, а тоа е огромен Дедо Мраз на надувување. Многу љубопитни сме да го видам останатото, а веројатно ова е само првиот детал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

Кортни Кардашијан

Ако очекувавте донекаде готска и малку панк елка, извинете што ве разочаруваме, но парот Кардашијан – Баркер се одлучи за апсолутна трезвеност со мала елка украсена на многу едноставен, но ефикасен начин.

Слични објави

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо
Се вчитува....