27.8 C
Скопје
19:12 - 8 септември, 2026

(Фото) На Оливија Вајлд не ѝ пречи романсата на Хари Стајлс и Емили Ратајковски: Ужива во денот со поранешниот сопруг

Оливија Вајлд неодамна беше фотографирана како поминува квалитетно време со таткото на нејзините деца, Џејсон Судеикис. Додека поранешното момче на Вајлд, Хари Стајлс, неодамна беше фотографиран како се бакнува со актерката и модел Емили Ратајковски, таа одлично се забавуваше со семејството.

Вајлд и Судеикис се обидуваа заедно и со нивните адвокати да го дефинираат старателството над нивните деца бидејќи како што велат имаат само најдобри намери за нивните две деца.

Џејсон Судеикис е толку многу заинтересиран за американскиот фудбал што дури направи хит телевизиско шоу „Тед Ласо“, кое освои Еми, а кое е фокусирано на американски фудбалски тренер (кој го игра Судеикис), кој се нафаќа да тренира аутсајдерски фудбалски тим во англиската Премиер лига.

Изворите блиски со поранешниот пар велат дека тој е многу присутен и во воннаставните активности на неговиот син Отис. И не само тој, тука постојано е и Оливија која е присутна во спортските активности на децата.

Поранешната двојка беше видена како разговара на трибините во мирно и пријатно расположение.

Стајлс и Ратајковски пак, беа фатени како страсно се бакнуваат на улиците на Токио, каде престојуваат зедно поради турнејата на Стајлс.

 

 

Слични објави

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....