03:52 - 28 ноември, 2026

(Фото) Момчињата „полудеа“ по золвата на Анастасија Ражнатовиќ: Вања објави фотографија со братот Немања Гудељ

Сестрата на српскиот фудбалер Немања Гудељ, Вања Гудељ, привлекува големо внимание од јавноста, а голем број луѓе ја следат на социјалните мрежи. Таа сега сподели фотографија со својот брат и покажа како го поминуваат денот.

Немања и Вања позирале на трибините додека гледале фудбалски натпревар. Таа носела зелена маица и фармерки, а преку неа носела палто со риги.

„Попладне за братот и сестрата“, напишала таа во описот, а Немања додал знак за бесконечност и емотикон во облик на срце.

Вања често добива многу комплименти поради својот атрактивен изглед.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ, сопруга на Немања Гудељ, е многу блиска со Вања. Тие двете често изглегуваат заедно на вечера или на забава во познати клубови во Шпанија.

Анастасија своевремено зборувала за животот во Шпанија, каде што се пресели поради љубов.

– Бев принудена да зборувам на шпански во Севиља, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, имав претходно знаење од теленовелите. Најмногу ми недостасува мајка ми, ние двете сме многу блиски. Како најдобри пријателки сме, и сè што ми се случува прво ѝ го кажувам нејзе – изјави неодамна Анастасија, инаку, ќерка на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....