21:37 - 7 ноември, 2026

Кан Џиновиќ нема да присуствува на венчавката на својата мајка Мелина во Монако?

Модната дизајнерка и поранешна сопруга на Харис Џиновиќ, Мелина, ќе го каже судбоносното „да“ на британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд во луксузниот Монако.

Венчавката се одржува во строга тајност пред околу стотина гости, а како што пренесуваат медиумите, семејството е поделено околу новиот животен чекор на Мелина.

Ѓина е поддршка, Кан не сака ни да слушне

Додека ќерката Ѓина веќе пристигна во Монако за да биде покрај својата мајка во овој важен момент, нејзиниот брат Кан наводно одбил да присуствува. Односот помеѓу Мелина и нејзиниот син е сериозно нарушен по разводот од Харис.

Харис Џиновиќ претходно во една прилика откри дека Кан со месеци немал никаков контакт со својата мајка.

„Знам дека Кан не се слушна со неа скоро два месеци. Ни пораки, ништо. Таа прво му беше лута нему, а потоа на детето му ‘пукна филмот’ и рече чао, догледање“, изјави Харис за медиумите пред извесно време.

Свадба во голема тајност

Мелина, која сега се презивува Галиќ, се повлече од јавноста по бучниот развод, а нејзиниот нов сопруг е влијателен британски претприемач. Иако семејната драма продолжува да ја тресе естрадата, дизајнерката одлучи својата среќа да ја побара далеку од Балканот, во прегратките на Арнолд.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....