18:00 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Мојата прва љубов“: Марјана Станојковска ја отвори летната сезона

Една од најатрактивните и најомилените македонски ТВ-водителки, Марјана Станојковска, уште еднаш ги испровоцира следачите на социјалните мрежи.

Со доаѓањето на потоплите денови, Марјана ја отвори сезоната на летни модни комбинации, оставајќи ги своите следбеници без здив.

Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографија во вистински летен амбиент. Марјана позира на камени скалила, облечена во ултра-модерен бел мини фустан во т.н. „балон“ стил, кој совршено ја истакнува нејзината беспрекорна и витка линија. Летниот изглед го надополни со елегантна бела чанта со златни детали и дискретна шминка, додека нејзината препознатлива руса коса лежерно паѓа.

Интересна е и музичката подлога што водителката ја одбрала за својата инстаграм-приказна. Станува збор за безвременскиот екс-ју хит „Моја прва љубав“ од групата „Хаустор“, поточно за култниот стих што Марјана го испиша со големи букви на фотографијата: „Сакам девојки во летни фустани“.

Фото/Инстаграм

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....