21:52 - 6 ноември, 2026

(Видео) Николина Пишек меѓу нив: Драгана Мирковиќ славеше со пријателите во Загреб по концертот на Тања Савиќ

Српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ вчера престојувалаво Загреб, каде што била специјална гостинка на големиот концерт на Тања Савиќ во загрепската Арена.

По спектакуларниот концерт, Драгана присуствувала и на забавата по настапот, каде што продолжила да се дружи со пријателите и соработниците до доцна во ноќта.

По официјалната забава по концертот, Драгана го продолжила дружењето со блиските пријатели во опуштена атмосфера.

Во одбраното друштво, српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба свирел на гитара, а врвот на вечерта се случил кога Драгана ја запеала песната „Кажи ми сунце моје“.

 


Во текот на дружењето, таа се сретнала и со хрватската телевизиска ѕвезда Николина Пишек, со која помина дел од вечерта во пријатна атмосфера.

По престојот во Загреб, Драгана Мирковиќ се упатила кон Германија, каде што вечерва ќе настапи во еден популарен клуб.

Да потсетиме дека на 27 јуни, Драгана ќе се појави на концертот „Фестифал на јужниот ветар“ во Ташмајдан. Фолк дивата ја очекува лето исполнето со бројни обврски и настапи кои веќе се закажани низ целиот регион и Европа.

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....