7.8 C
Скопје
15:10 - 22 декември, 2024

(ФОТО) МОДНИТЕ БОГОВИ ОД „ВОГ“ РЕШИЈА: Ова се најдобро облечените жени во 2021 година

Во годината која ги брои своите последни денови бевме сведоци на бројни модни листи, но кога истите се создадени од модната библија „Vogue“, тоа е листа која има тежина.

Според редакцијата на британскиот „Vogue“, оваа година бевме сведоци на многу незаборавни модни моменти, но кога станува збор за континуирано постигнување модно совршенство, оваа година неколку дами кои доминираа.

Кејт Мос

Британската модна икона Кејт Мос со својата доследност во боемскиот стил на облекување како што се кадифените џемпери и фустани во летните месеци, си го обезбеди своето место на листата на 12 најдобро облечени жени во светот.

Лејди Гага

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Лејди Гага оваа година ги исполни своите должности за промовирање на филмот „House of Gucci“ со иста посветеност како што го играше ликот на Патриција Реџиани. Настрана од вртоглаво високите потпетици и блескавите балски тоалети, оваа година Гага се појави во врвна модна комбинација и на инаугурацијата на претседателот Бајден.

Зендаја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Зендаја оваа година блескаше на црвениот тепих благодарение на римејкот на филмот „Dune“. Заслужено, ѕвездата беше прогласена за стилска икона од Американското здружение на модни дизајнери (CFDA). Нејзините обожаватели се радуваа на ова признание бидејќи актерката навистина покажа камелеонски пристап кон модата. Зендаја откри дека одговорниот „архитект“ за нејзиниот имиџ е Ло Роуч.

Дуа Липа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата стана заштитно лице за млади модни таленти оваа година. Социјалните мрежи беа нејзината писта, се додека не го отвори шоуто на „Versace“ пропратена со сопствената музика. Липа и нејзиниот стилист Лоренцо Посоко се подготвени за големи модни чекори.

Ријана

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R I H A N N A (@ririgalbadd)

Како што одминуваше времето, стилската икона од Барбадос ја удвои својата модна моќ. На овогодинешното издание на Мет Гала, пејачката и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки дебитираа како пар и влегоа во историјата на овој настан благодарение на изданијата базирани на јорган.

Џордан Дан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jourdan Dunn (@jourdandunn)

Британската убавица од модните писти отсекогаш била кралица на смелиот лондонски стил, а оваа година, според „Vogue“, била особено модерна. Како и многу девојки, така и Дан не можеше да одолее на креациите потпишани од албанската дизајнерка Ненси Дојак, а со црвениот фустан од дизајнерот на висока мода Андрее Броче на доделувањето на модните награди во Лондон,
никого не остави рамнодушен.

Исабел Хуперт

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isabelle Huppert (@isabelle.huppert)

Француската филмска сирена на Канскиот филмски фестивал годинава успеа да засени голем број од присутните гости носејќи тесен, црн фустан со потписот на модната куќа Баленсијага, очила за сонце и високи чизми. На гламурозната Мет Гала, таа го привлече вниманието во црвено-кадифениот балски фустан повторно дело на Баленсијага.

Џема Чан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gemma Chan (@gemmachan)

Џема Чан и нејзината стилистка Ребека Корбин-Мареј успеаја да постигнат неколку модни хитови оваа година. Тие и оваа година останаа верни на мисијата поставувајќи дела на азиски таленти на светската сцена. Актерката доминираше со блескав изглед за светската премиера на „Eternals“.

Анџелина Џоли

анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Никој не носи креации на „Versace“ како Анџелина Џоли, која лично ја замолила Донатела да создаде вселенски фустан што ѝ доликува на римската премиера на филмот на Марвел „Eternals“. Но, дури и овој неверојатно одличен моден момент не ја одреди нејзината блокбастер година во која ја промовираше суперхеројската франшиза. Анџелина на својата ќерка Захари ѝ позајми блескав фустан од Ели Сааб што го носеше на Оскарите во 2014 година, во кој тинејџерката изгледаше одлично.

Зои Кравиц

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manners.nl (@mannersnl)

Според британското издание на магазинот „Vogue“, листата на најдобро облечени жени во светот не може да помине без Зои Кравиц. Нејзината способност да се трансформира од девојка од соседството во гламурозна дама е она што „Vogue“ го истакнува како нејзина најголема модна особина.

Синтија Ериво

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cynthia Erivo (@cynthiaerivo)

На секој црвен тепих што го прошета оваа година, британската актерка успеа да блесне со своите модни комбинации. „Облеката е навистина само продолжение на она што сум… приказни што можам да ги раскажам… изјави што можам да ги дадам!“, призна таа во големото интервју за модната библија оваа година.

Никола Кофлан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicola Coughlan (@nicolacoughlan)

Ѕвездата на серијата „Bridgerton“ ги украде срцата на редакцијата на „Vogue“ со својата личност, а потоа и со модните избори забележани оваа година. На свечените настани, Кафлан редовно се појавуваше во креации на реномирани дизајнерски имиња на британската модна сцена, од дизајнерката Симон Рош до Моли Годар.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....