20.7 C
Скопје
01:59 - 1 август, 2026

(ФОТО) МИНИ МАУС ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ЈА МЕНУВА ОБЛЕКАТА: Девојката на Мики во елегантно сино одело, креација на Стела Макартни

За прв пат во историјата, Мини Маус ќе го замени својот култен црвен фустан со точки со дизајнерски костум – панталони и машна.

Познатато Дизниево глувче привремено ќе носи сино одело со црни точки дизајнирано од Стела Макартни за да ја прослави 30-годишнината од Дизниленд во Париз.

Новата облека ќе ја направи Мини „симбол на напредок“, вели дизајнерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minnie Mouse (@minniemouse)


Тематскиот парк на 6 март ќе ја одбележи својата трета деценија со „брилијантно“ ново шоу пред замокот на Заспаната убавица, кој неодамна беше повторно отворен по 12 месеци реновирање.

Макартни рече дека Мини „отсекогаш имала посебно место во нејзиното срце“ и дека е „воодушевена што работи со една, единствена, легендарена Мини Маус“.


„Она што го сакам кај Мини е фактот што ја отелотворува среќата, самоизразувањето, автентичноста и ги инспирира луѓето од сите возрасти ширум светот. Плус, таа има толку одличен стил!“, рече дизајнерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minnie Mouse (@minniemouse)

„Сакав Мини да го облече својот прв костум со панталони во Дизниленд во Париз, па дизајнирав син смокинг за неа. Ова ја  прави Мини Маус симбол на напредок за новата генерација. Ќе го носи како дел од месецот на женската историја, во март 2022 година“, додаде Мекартни.

Дизајнерката ќе лансира и „уникатна“ маица Mini Mouse како дел од нејзината соработка со компанијата Walt Disney по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minnie Mouse (@minniemouse)


Според Дизниленд во Париз, Макартни ќе објави и ограничена серија производи инспирирани од класиката Фантазија на Дизни од 1940 година , почнувајќи од пролетта.

И Мини и Мики Маус, заедно со остатокот од актерската екипа, вклучувајќи ги Паја Паторот и Пата, Шиља и Плутон, исто така ќе носат нови костими создадени специјално за шоуто за да ја прослават годишнината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minnie Mouse (@minniemouse)


Во промо видеото ликовите „излегоа на модната писта“ за да ги покажат своите нови костими.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minnie Mouse (@minniemouse)


Мики носи костум со лаванда  и сребрена боја и горен шешир, додека Мини носеше рефлектирачки розов фустан со соодветна машна и блескава верзија на нејзините светло жолти чевли.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....