15.8 C
Скопје
01:28 - 1 мај, 2024

(Фото) Меланија Трамп блесна во јавност по „изолацијата“ во фустан со порака: Еве кој стои зад неа

Меланија Трамп конечно излезе од „скривницата“ и беше на велигденски бранч со својот сопруг во Мар-а-Лаго ресторан-клубот во неделата.

Парот беше пречекан со овации додека влегуваа во салата за бал, како што покажуваат видеата објавени на социјалните мрежи. Тоа беше првпат таа да биде видена во јавноста откако Доналд Трамп беше обвинет за фалсификување деловни книги, односно по скандалот со порно ѕвездата.

Стилот на Меланија за оваа прилика беше беспркорен и се разбира, внимателно одбран и осмислен. Изборот падна на неслучајно – бел фустан – со цветни везени детали, со миди должина.

Станува збор за фустан од Ердем, кој е достапен по цена од 557 долари, што е прилично ефтин избор на поранешната прва дама во споредба со досегашаните креации по кои ја паметиме. Односно, акцентот е ставен на чеснота, чистината (белата боја) и скромноста (цената на фустанот). Пораката беше успешно испратена, па оттука бројни се позитивните коментари.

Љубовта на Меланија Трамп кон луксузната модна марка Ердем (зад која стои основачот, британскиот дизајнер со исто име), не е нова. Ердем е еден од најомилените бендови на поранешната прва дама на САД кога е во прашање модата, и почесто сме ја гледале во креации од оваа модна куќа, повеќето од нив – незаборавни изгледи.

На пример, преубавиот Ердем бел кошула фустан со миди должина го облече дури двапати во иста година, и двапати привлекувајќи внимание. Првпат во јули 2018, потоа во октомври 2018 на турнејата низ Африка, кога пристигна во Кенија. Изгледот беше тогаш освежен само со друга нијанса на ремен.

Прекрасен Ердем фустан Меланија носеше и за божиќната забава во Мар а лаго во Пал Бич, во 2017 година, во истиот ресторан клуб во кој се појави и оваа недела.

Фустанот чинеше 5.500 долари а и до денес се зборува за незаборавниот моден изглед на таа вечер.

Инаку, Ердем не е само омилен на Меланија, туку и на Кејт Мидлтон, која често носи креации од оваа британска модна марка, како и на холивудската ѕвезда Никол Кидман и на уште една поранешна прва дама на САД – Мишел Обама.

 

 

Слични објави

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....