3.8 C
Скопје
17:45 - 26 декември, 2025

(ФОТО) МАКСИМАЛИЗАМ, новиот популарен ТРЕНД ВО УРЕДУВАЊЕ на домот

Можеби звучи како парадокс дека ако живеете во помал стан, треба да бидете водени од принципот „повеќе е повеќе“. Сепак, тоа е нов тренд во дизајнот на ентериер кој го освојува светот и тоа со добра причина. Оваа филозофија за украсување дома може всушност да го трансформира вашиот мал простор.


Според „Pinterest“, луѓето го бараат терминот „максималистички декор“ многу повеќе од пред една година. Ненадејната популарност на максимализмот е веројатно резултат на луѓето што поминуваат повеќе време дома, па затоа сакаат да го направат својот простор пријатно прибежиште.

Максимализмот е естетика водена од принципот „повеќе е повеќе“. Така, на пример, во него спаѓаат светло обоени ѕидови покриени со уметнички дела, многу растенија и необичен мебел.


Мишел Фахми, дизајнер на ентериер, за Инсајдер истакнува дека максимализмот е убав кога се применува правилно.

„Има нешто во врска со максимализмот што им овозможува на луѓето да бидат слободни и да експериментираат, да се забавуваат со предмети и да избираат дизајни во нивниот простор. Максимализмот им дава слобода на луѓето да се изразуваат преку своето опкружување“, вели таа.


Идејата е да го пополните просторот со работи што ги сакате, на начин што ве прави среќни. Кога вашиот дом е полн со сите работи што го задоволуваат вашето око, тоа всушност може да ви го подигне расположението.

Фахми вели дека максималистичкиот декор всушност може да направи домот да изгледа поголем, што го прави дополнително одличен избор на уредување на мали простори.

Трикот за постигнување максимализам во вашиот мал простор е да се осигурате дека боите, текстурите и дезените изгледаат добро заедно. Затоа треба да изберете предмети кои имаат слични модели или форми со цел да создадете чувство на кохезија. На пример, вашиот кауч и полицата за книги може да имаат слични, заоблени рабови или можете да изберете перници идентични со дел од вашиот килим.


Важно е да се има предвид дека дури и максималистичките апартмани мора да имаат празен простор, така што просторијата не изгледа преполна. Можете да создадете „негативен“ простор оставајќи празни делови од ѕидовите, со избирање отворени полици или со делови од подот кое не се покриени со тепихот.

Фахми исто така ги советува луѓето кои сакаат да пробаат максимализам полека да ги украсуваат просториите, отколку да натрупаат сè одеднаш. Може да додадете една впечатлива ставка и потоа размислете како да ја надградите со други детали. Не мора да купувате нови работи, но можете да ги изложите сувенирите од патувања и сите други предмети што ве прават среќни и ви будат позитивни спомени.

Слични објави

(Фото) Со помош на вештачката интелигенција си направи дечко? Ава Карабатиќ ја откри вистината позади нејзините објави на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Каква е оваа љубов“: Цеца Ражнатовиќ објави фотографија од својот зет и внук од новогодишниот панаѓур во Белград

Еспресо

(Фото) Донатела Версаче ја покажа елката: Модната дизајнерка не разочара во изборот на декорацијата

apostolova

Диди Јанковиќ пие сок само од „Версаче“ чаша: „Специјална е, ја купив во Америка“

Еспресо

Разголена празнична честитка: Ивана Кнол го честиташе католичкиот Божиќ во костим за капење

Еспресо

(Видео) Најубавиот пар во Белград: Анастасија Ражнатовиќ уживаше во ноќно излегување во друштво со сопругот

Еспресо
Се вчитува....