11:06 - 28 ноември, 2026

(Фото) Лепа Брена во друштво на сестра ѝ на премиера во Загреб: Факета ретко ја гледаме во јавност

Завчера во Загреб беше премиерно прикажана долгоочекуваната претстава „Лепа Брена Пројект“ на која се појави и помладата сестра Факета Јахиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by brenalepa fp (@brenalepafp)

Факета ретко се појавува во јавност и за неа не се знае многу. Со сопругот Зоран, со кого има три ќерки, веќе долго време живее во Канада, каде Брена ја посети пред три години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lepabrena.__

Брена и Факета имаат и постар брат Фарук, кој исто така се занимава со пеење, а настапи и во шоуто „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно).

Театарската претстава „Лепа Брена Пројект“ освен глума има и танцови елементи, а го обработува феноменот на популарноста на Брена, трагичното распаѓање на поранешна Југославија и несреќната судбина на нејзините граѓани.

Сето тоа е раскажано преку ликот на жена која беше симбол на Југославија, односно преку дури пет ликови на Лепа Брена претопени во една приказна.

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....