16:37 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Здравко Чолиќ ужива на јахта со мистериозно момче: Постар е и има стомак

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ веќе подолго време ја интригира јавноста со секој нејзин потег. На Уна очигледно ѝ е гајле што мислат или што ќе кажат другите, па не се двоуми да им покаже на обожавателите на Инстаграм детали од приватниот живот, што никогаш тоа не го направил нејзиниот татко. Сепак, помладите генерации подлегнуваат на влијанието на социјалните мрежи, а тоа е и еден од начините за стекнување популарност.

Покрај својата непобитна убавина, харизма и привлечен изглед, ќерката на Здравко Чолиќ е во центарот на вниманието и поради своето смело и нешто послободно однесување, а често во фокус е и нејзиниот љубовен живот.

Сепак, за разлика од многу други нешта поврзани со нејзината личност, вклучувајќи ги и честите луксузни патувања, таа единствено што не става на тацна на „увид“ на фановите на социјалните мрежи е нејзиниот љубовен живот.

Тоа е и причината што сите сакаат да дознаат дали постои човек кој го освоил нејзиното срце и со кого таа го поминува слободното време.

Најновите фотографии од едно нејзино луксузно патување ја заинтригираа јавноста. Имено, ќерката на Чола преку Инстаграм сама даде повод сите да се запрашаат кој е мажот со кој релаксирано ужива на јахта, и дали ѝ е момче.

А бидејќи на оваа тема Уна не се изјасни и ништо не објасни, јавноста може само да погодува дали е Уна емотивно исполнета, а дека е среќна и дека блеска – видливо е од фотографиите.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....