15:02 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА ЗА РОДЕНДЕНОТ НА НЕЈЗИНАТА МАЈКА: Најважната жена во нашиот живот!

каролина гочева

Нашата позната пејачка Каролина Гочева секое слободно време се обидува да го помине со своето семејството, своите најсакани и луѓето кои ѝ значат.

Денес пејачката имаше посебен повод за славење кој го сподели со нејзините бројни обожаватели и пријатели – роденденот на нејзината мајка Светлана.

Каролина ѝ го честиташе роденденот со емотивна објава на својот инстаграм-профил со семејна фотографија од нејзината свадбена прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

;

На фотографијата пејачката позира заедно со нејзината сестра Сандра, внуките Луција и Инес и славеничката Светлана.

„Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“, ѝ посака Каролина.

(ФОТО) БРАЌА МАНАКИ ВО БИТОЛА: Најубавата битолчанка Каролина Гочева е, па, најубава на црвениот тепих!

Под нејзината објава следеше лавина коментари со најтопли честитки по повод роденденот на мајката на Каролина. Кон честитките се приклучија и неколку наши славни личности.

„Нека е најсреќна мајка и вие со неа“, посака Елена Ристеска. „Среќен роденден тетка Светле“, честиташе Цаци Паковска, „Да е среќна!!!“, посака Калиопи.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....