11.8 C
Скопје
09:26 - 20 април, 2024

ИДЕИ ЗА ПРАЗНИЧНИ ПОДАРОЦИ ЗА ДАМИ: На какви подароци се „слаби“ хороскопските знаци?

На што „се слаби“ жените од одредени хороскопски знаци? Каков подарок би сакале да добијат? Што всушност најмногу би ги израдувало?

Проверете што велат ѕвездите за секоја жена од Зодијакот.

Овен – Жената Овен ја сака спонтаноста во подарувањето. Со активна природа се, па затоа ги ценат спортските производи, облеката што може да се комбинира со фармерки или со патики. Добра идеја за подарок се и книгите со акциона содржина или трилер филмовите. Нема да згрешите и доколку и подарите: козметика (со акцент на црвениот кармин), обетки,  спортски часовник, запалка во машки стил или очила за сонце во авијторски стил.

Бик – Жената Бик е „слаба“ на софистицирани прехранбени производи. Тие ја ценат романтичната вечера или присуството на пријатели – во секое време за јадење! Идеални подароци за овој знак се: слатки, луксузен пијалак, кожен ремен, готвач, но и некои украси како: рамка за семејни слики, миризливи свеќи, облека во неутрални бои, кожена облека, лосион за тело.

Близнаци – Жената Близнаци има развиен уметнички дух и ја привлекува сè што е ново. Со оглед на тоа што сака да се дотерува, најдобар подарок би бил некој женствен фустан со ремен околу струкот или фустан со цветен принт. Ако одбирате облека за неа внимавајте на нијансите, односно „фатете се“ за жолта или портокалова нијанса. Одличен подарок би бил и билет за некој возбудлив концерт. Други идеални подароци се: енциклопедија, парфем со егзотични ноти или најдобро – патување.

Рак – Раковите се најсемејниот знак во хороскопот. Жената Рак е во постојана потреба од наклонетост и безбедност, а подароците што ќе ги цени се: чоколадо, предмети за кујна, папучи, бањарка, предмети за спална соба или детска соба, книга поезија или воопшто книги со љубовна тематика, романтична музика или пак, многу стари книги. Потрудете се подарокот и убаво да го спакувате, тоа за неа ќе значи – дека сте многу внимателен.

Лав – Жената Лав е прочуена по тоа што сака секаде да остави одличен впечаток, а и голема љубителка е на златниот или воопшто скапиот накит. Ако сакате да ја направите пресреќна подарете и предимензионирано парче накит. Но, таа сака и уметност, особено театар, па нема да згрешите и доколку и подарите билет за театарска претстава. Други подароци кои ќе ја расположат се: светкави или сјајни предмети за дневната соба, облека од вештачко крзно, скапо чоколадо, но и скапа козметика.

Девица – Девицата е практична, љубезна, одговорна и вредна личност. Како и мажите, така и жените Девици се привлечени од предметите кои би можеле да им помогнат побрзо да ги реализираат своите задолженија. Најдобри подароци за Девицата се: лаптоп, календар, канцелариски материјали, торби, куфери, книги за литературна критика, но и парфем со свежи ноти.

Вага – Вагите се отворени, омилени лица на кои им треба мир и хармонија. Жената Вага е елегантна, има добра естетска смисла. Подароци кои одговараат за неа се:  хумористични книги, слатки, стилизирано пенкало,  уметничка слика, џез музика и секако елегантни модни додатоци (ремен, чанта, а особено – чевли со висока потпетица).

Шкорпија – Жената Шкорпија ја сака мистеријата, има хармизма која е речиси магична. Но таа истовремено е и сензитивна и емотивна. Подароци што би ја заинтересирале се – трилер или еротска книга, долна облека (со тантела), модни парчиња облека во црвена или црна боја, длабок сензуален парфем и часовник.

Стрелец – Енергичната жена Стрелец е заинтересирана за се што е ново, но и за тоа што носи авантура. Не заборавајте дека многу сака да патува, па совршен подарок би бил авионска карта или уште подобро – крстарење. Одлични подароци за оваа жена уште се – книга за кампување, книга на странски јазик (оној јазик кој го владее), викенд на море, парфем со мирис на море, модни парчиња облека во црна или зелена боја.

Јарец – Оваа жена има силна личност и познато е дека сака во мигови на релаксација, во домашна атмосфера, да гледа филмови. Затоа, добар нов филм (трилер или комедија) за подарок, секогаш би прифатила со радост, но може и билет за кино претстава. Други идеални подароци за жената Јарец се: бизнис книга,  книга за економски вештини, декоративни предмети за домот, и облека и модни додатоци во неутрални нијанси.

Водолија – Жената Водолија ја сака слободата, се интересира за се што е ново, а нејзината облека е младешка и модерна. Ако сакате да ја израдувате, подарете и модно парче од новите колекции кое не е премногу скапо, но е доволно „откачено“. Супер подарок за Водолијата се и декоративни предмети за домот или канцеларијата со иновативен и супермодерен изглед. На оваа жена добро е да и подарите – видео камера, билет за кино претстава, акционен филм или иновативни производи за нега на кожа и воопшто за подмладување.

Риби – Сензитивните и романтични Риби сакаат персонализирани подароци. Имајќи уметнички дух, би биле среќни да добијат нотес со нивните иницијали, но и рамка за фотографија со ваша заедничка слика. Други подароци кои ќе ја израдуваат жената Риба се – егзотичен парфем, билокаков уметнички предмет, миризливи купки, романтични чевли, свилена марама и модни парчиња облека во светли бои, уште подобро ако се сатенски или свилени.

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....