18.8 C
Скопје
16:07 - 3 мај, 2024

ВО ОВАА ЗЕМЈА НА СЕКОИ 25 МИНУТИ СЕ УБИВА ПО ЕДНА ДОМАЌИНКА: Зошто?

индија

Според неодамна објавените податоци од владиното Национално биро за криминалистичка евиденција (NCRB), само минатата година во Индија се самоубиле 22.372 домаќинки – во просек 61 убиство секој ден или едно на секои 25 минути.

Зошто илјадници домаќинки во оваа земја се самоубиваат секоја година?

Домаќинките сочинуваат 14,6 отсто од вкупно 153.052 регистрирани самоубиства во Индија во 2020 година и повеќе од 50 отсто од вкупниот број убиени жени.

Минатата година не беше исклучок. Од 1997 година, кога „NCRB“ забележа податоци за самоубиства на основа на професија, повеќе од 20.000 домаќинки се убиваат секоја година. Само во 2009 година тој број се искачи на 25.092.

Извештаите за такви убиства најчесто се поврзани со „семејни проблеми“ или „брачни проблеми“.

(РАЗГОВОР) 16 ДЕНА, 16 ИЛУСТРАЦИИ ОД УМЕТНИКОТ ГОРАН КОСТОВСКИ – ИНДОГ: Феминизам е уште еден збор за еднаквост

Но, што навистина тера илјадници жени да кренат раце?

Експертите за ментално здравје велат дека главната причина е раширеното семејно насилство – 30 проценти од сите жени во неодамнешната владина анкета изјавиле дека се соочиле со насилство во бракот – и секојдневниот напор што може да ги направи браковите угнетувачки.

– Жените се многу издржливи, но има граница на толеранција – изјави д-р Уша Верма Шривастава, клинички психолог во градот Варанаси.

Според неа, повеќето девојки се мажат веднаш штом наполнат 18 години, што е законска граница за брак.

– Станува сопруга и снаа и цел ден го поминува дома, готви, чисти и работи дома. Подлежна е на секакви ограничувања, има мала лична слобода и ретко има пристап до нејзините пари – објаснува психологот.

Нејзиното образование и соништата веќе не се важни, истакнува психологот, нејзината амбиција полека згаснува, а се појавуваат очај и разочарување и самото постоење станува тортура.

индија
фото: unsplash

Кај постарите жени, причините за самоубиство се различни.

„Многумина се соочуваат со синдром на празно гнездо откако децата ќе пораснат и ќе го напуштат домот, додека многумина страдаат од перименопаузални симптоми кои можат да предизвикаат депресија и плачење“, рече докторот.

Но, самоубиствата, вели таа, може лесно да се спречат и дека „ако некого запрете за секунда, има големи шанси да го спасите“.

Тоа е затоа што, според психијатарот Соумитра Патара, многу индиски самоубиства се импулсивни.

– Доаѓа маж дома, ја тепа сопругата и таа се самоубива – објаснува психијатарот.

Независното истражување покажа дека една третина од жените во Индија кои извршиле самоубиство имале историја на семејно насилство, пренесува „Би-Би-Си“.

Сепак, семејното насилство не беше ниту споменато како причина во податоците на „NCRB“.

Каитали Синха, психолог од Оргазнизацијата за ментално здравје – Виза во Бангалор, вели дека „многу жени кои остануваат во ситуации на активно семејно насилство го задржуваат својот разум само поради неформалната поддршка што ја добиваат“.

Синха вели дека многу жени прават групи за поддршка додека патуваат со локални возови или со соседите додека купуваат зеленчук.

– Немаат друг начин да се изразат и понекогаш разумот им зависи од разговорот само со една личност – изјави Синха.

РАЗГОВОР СО БЕЛКИС АКСУ ЧЕЛЕБИ, СТРАНКИЊА ВО СКОПЈЕ: Во моите илустрации приказната ја раскажуваат малите луѓе

Таа додаде дека пандемијата и заклучувањето само ја влошиле ситуацијата.

– Домаќинките имаа безбедно место откако сопругот ќе отидеше на работа, но тоа исчезна за време на пандемијата. Во ситуации на семејно насилство, тоа значело дека тие често биле заробени со своите насилници. Ова дополнително им го ограничило движењето и слободата да прават работи кои им носат среќа или утеха, па гневот, болката и тагата се акумулираат со текот на времето и самоубиството им станува последно средство – објаснува таа.

Индија известува за најголем број самоубиства во светот: Индијците сочинуваат четвртина од глобалните самоубиства, додека Индијките сочинуваат 36 отсто од сите глобални самоубиства во возрасната група од 15 до 39 години.

Сепак, д-р Патаре, кој ги истражува менталните нарушувања и превенцијата од самоубиства, вели дека овие бројки не ги одразуваат вистинските размери на проблемот.

„Ако го погледнете истражувањето Million Death (кое следеше скоро 14 милиони луѓе во 2,4 милиони домаќинства помеѓу 1998-2014) или истражувањето Lancet, не се пријавени меѓу 30 и 100 проценти од самоубиствата во Индија“, рече тој.

индија pexels

За самоубиството сè уште не се зборува отворено во општеството, сè уште има срам и стигма околу него.

Во руралните делови на Индија нема услови за обдукција, а познато е дека богатите се потпираат на локалната полиција да го покаже самоубиството како случајна смрт, додека полициските досиеја не се проверени.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....