16.8 C
Скопје
07:07 - 9 септември, 2026

(Фото) Калиопи ѝ помогна на Теа Таировиќ да го надмине овој проблем во Скопје

Калиопи ѝ го оствари сонот на Теа Таировиќ и ѝ помогна да надмине еден проблем, а тоа се случи токму во Скопје.

Теа одамна сакала да ја запознае Калиопи, а сонот ѝ се оствари токму вчера, кога беше на прес-конференција. Инаку, Теа ќе одржи концерт во Скопје на 15 ноември во Арената „Борис Трајковски“ во организација на „Балкан медиа“.

На инстаграм-профилите на двете пејачки се објавени видеа од нивната прва средба, како Теа влегува во хотелот, а ја пречекува Калиопи, а таа вели: „Леле, не можам да дишам!“

Фото/ Инстаграм

А Калиопи на ова ѝ одговара: „Душо мила. Но зошто, зошто? Таа трема, вака кога некој ќе се фати за стомакот тоа укажува на личност која е многу емотивна. Уште кога за првпат те видов, кога се појави на сцената јас реков: ‘Ова е многу искрена девојка, многу интелегентна и знае што прави’.“

И навистина, му се восхитувам на секој таков момент и ти честитам за сѐ што направи. И
да се договориме нешто, нема да се персираме“, вели Калиопи во видеото, а Теа ѝ одговара:

– Само од почит, но ќе се обидам.

– Јас сум Калиопи, Опи, како што ме викаат блиските, и од денеска ти си мојата блиска, добредојде во мојата земја, во мојот град – рече Калиопи и со ова ѝ помогна на Теа да ја надмине тремата. Потоа, двете пејачки прошетаа низ центарот на Скопје .

Фото/ Инстаграм

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....