0.8 C
Скопје
22:53 - 17 декември, 2024

(ФОТО) ЕСЕНСКА МОДА: Кои трендови ни ги носи новата сезона?

Секоја сезона со себе си носи нови модни хитови, но меѓу нив редовно се протнуваат и класични парчиња кои веќе ги имаме во нашите гардеробери. Така, токму некои модни парчиња што веројатно веќе ги имате ќе го формираат столбот на одличните есенски стајлинзи.

Многу трендови од минатото во одреден момент стануваат модни класици, но со само неколку детали и вешта комбинација, овие парчиња, кои веројатно веќе ги имате во вашата гардероба, стануваат најновиот тренд. Имено, за одлични, тренди стајлинзи, не е потребно да потрошите многу пари, туку ви треба креативност за стилизирање облека што веќе ја поседувате, а овој есенски моден водич со сигурност ќе ви помогне.

Подолги кошули

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closed Official (@closedofficial)

Сите во плакарот сигурно имаат барем една, помалку обична кошула со копчиња. Без разлика дали станува збор за модел во бела или меки пастелни бои, оваа есен кошулата може да ја носите како еден вид „јакна“. Во потоплите денови, кошулата можете да ја носите преку маици и блузи наместо или под маици и џемпери, а за стајлинг инспириран од 90-тите, искомбинирајте ја со некое ременче.

Плисирани панталони

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closed Official (@closedofficial)

Се разбира, фармерките секогаш ќе бидат дел од есенските трендови, но оваа година време е повторно да ги извадите плисираните панталони од плакарот. Моделот со повисок струк прави ногарки е доста елегантен, а може да се носи со маици без ракави или кошула чии рабови се пикнати во панталоните. Можете да ги комбинирате со патики или чизми до глуждот и да создадете изглед кој е различен од униформниот тексас.

Карирана шема

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo)


Можете ли да замислите есен без карирана шема? Секако дека не! Овој визуелно моќен дезен е карактеристика на постудените месеци, и оваа сезона не можете да погрешите ако ги носите парчињата од овој елегантен принт. Ова се парчиња облека како поло маици, џемпери, облека украсена со таканаречената дијамантска шема, плисирани мини здолништа и панталони инспирирани од машката гардероба. Овој модерен и разигран стил на облекување, ќе ги одбележи месеците пред нас преку шарени комбинации на бои и кул кроеви.

Маици и џемпери со натписи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closed Official (@closedofficial)

За жал, овие модни парчиња имаат прилично лош имиџ и честопати се карактеризираат како детски. Сепак, маиците или џемперите со слогани и слатки натписи се супер есенски тренд. Најважно е да ги искомбинирате на необичен начин. На пример, можете да носите супер елегантно здолниште со разиграна маичка или џемпер со натпис. За добар стил на сезоната што следи, клучно е да се размислува „надвор од кутијата“.

Светли бои

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo)

Дури и ако сте склони кон црни, сиви или темноцрвени нијанси, обидете се да вметнете впечатливи и светли нијанси. Црвена, светло жолта, впечатлива виолетова или весела розова – само изберете!

Ресички на рабовите

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Разиграните и развеани ресички на јакни, чанти и облека се враќаат на голема врата оваа есен. Без разлика дали ги поврзувате со 70-тите или златните 20-ти години, ресичките на рабовите се враќаат во мода. Разгледајте некои ретро фотографии, барајте инспирација во ерата на хипиците или во вечната шик мода на Големиот Гетсби.

Слични објави

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо

Мина Костиќ откри: Би била среќна повторно да станам мајка

Еспресо
Се вчитува....