13:37 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) ПО 62 ГОДИНИ ПОВТОРНО НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ВОГ“: Безвременска убавица – Џејн Фонда!

џејн фонда

Единствената Џејн Фонда која оваа година ќе наполни 84 години, ќе ја краси насловната страница на октомврискиот број на „Vogue“ Полска – 62 години откако за првпат се појави на насловната страница на модната библија.

Фонда одбрала елегантна комбинација за насловната страница на полската верзија на познатиот моден магазин, со маица со долги ракави, панталони, кожен ремен и шешир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

Во рамките на страниците на октомвриското издание, 83-годишната „девојка од насловната страница“ на својата монохроматска комбинација додала златен капут.

Двократната оскаровка рече дека е „возбудена“ и „се радува“ што може да ја сподели оваа вест со своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, велејќи дека за нејзиниот изглед се задолжени стилистката Мери Инасио, фризерот Џонатан Ханусек и шминкерот Дејвид де Леон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Polska (@vogue.polska)

Честа да биде на насловната страница на „Vogue“ доаѓа повеќе од шест децении по првото појавување на Фонда на насловната страница на истоимениот магазин, кога фотографот Ирвинг Пен ја фотографираше за изданието во јули 1959 година.

Актерката, во ова издание на „Vogue“ ќе зборува стилот, климатските промени и активизмот, кои се теми за кои таа со години се залага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Polska (@vogue.polska)

Џејн неодамна објави книга која стана составен дел од познатите книжевни клубови, и, меѓу другото, беше изборот за месец септември на младиот модел Каи Гербер.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....