18.2 C
Скопје
04:53 - 30 јули, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ ѝ даде поддршка на Бела Хадид: Простете ми на молчењето

Пејачката Емина Јаховиќ го дели истиот став за конфликтите меѓу Израел и Палестина како и познатата манекенка Бела Хадид.

Многу познати личности и претседатели ширум светот повикуваат на мир или конкретно решение, поддржувајќи и критикувајќи различни страни, додека слободна Палестина е она кон што нејзиниот народ се стреми. Јавноста ја чекаше објавата на познатата манекенка и Палестинка Бела Хадид, што таа сега и го направи.

Сестрата на Бела, Џиџи Хадид, манекенка со палестински корени, предизвика бурни реакции со својата изјава во која ги коментираше нападите на Хамас врз Израел, а целото семејство дури доби и бројни смртни закани. Сега Бела конечно се огласи.

Бела објави видео и писмена изјава на својот инстаграм-профил, во која првично се извини за молчењето, додавајќи дека „се мачи да најде идеални зборови“ за да ги коментира „длабоко комплицираните и ужасни“ настани во изминатите две недели. „Стравот не е опција“, напиша таа, а потоа додаде: „Луѓето и децата на Палестина, особено во Газа, не можат да си го дозволат нашиот молк. Ние не сме храбри – тие се. Моето срце крвави од болката и траумата што ја гледам како се одвива, како и од генерациската траума на моето палестинско потекло. Гледајќи ги последиците од воздушните напади во Газа, тагувам со сите мајки кои ги загубија своите деца и со децата кои плачат сами, со сите изгубени татковци, браќа, сестри , чичковци, тетки, пријатели кои никогаш повеќе нема да одат по оваа земја“, напиша таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


„Ги осудувам терористичките напади врз кој било цивил, каде било“, напиша таа, додавајќи дека „тагува за израелските семејства“ по нападот на Хамас на 7 октомври. Таа ја истакна важноста од разбирање на тешкотиите со кои се соочуваат Палестинците ширум светот, на кои се гледа „само како терористи кои се спротивставуваат на мирот“, и го опиша искуството на нејзиниот палестински татко, кој беше протеран од Палестина со своето семејство.

„Сите ние мора да застанеме заедно во одбрана на хуманоста и сочувството – и да бараме нашите лидери да го сторат истото. Има итна хуманитарна криза во Газа на која мора да се обрне внимание. На семејствата им треба пристап до вода и храна. На болниците им треба гориво за напојување на генераторите, згрижување на ранетите и одржување на луѓето во живот“, пишува во изјавата на Бела.

Таа напишала и дека дури и во текот на војна, законите „мора да се почитуваат“, без оглед на околностите, и ги охрабри следбениците да „продолжат да вршат притисок“ врз светските лидери за помалку невини цивили да завршат меѓу „заборавените жртви на оваа војна“. Манекенката и нејзината сестра Џиџи претходно го поддржаа движењето за Слободна Палестина со тоа што се приклучија на пропалестинскиот марш во Њујорк.

На нејзината објава реагираше и пејачката Емина Јаховиќ, која во коментар го стави палестинското знаме и раширени раце во знак на поддршка за Палестина и Бела.

Слични објави

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.
Се вчитува....