23.8 C
Скопје
13:56 - 29 септември, 2026

(Фото) Две големи трагедии ѝ се случија во животот, а ова е причината што Искра повторно се смее

Две големи тажни случки го одбележаа животот на пејачката Искра Трпева-Арсовска. Таа и сопругот Благоја го загубија синот само четири дена откако се роди. А Искра, за жал, 2021 година ја испрати со тажна случка, откако почина татко ѝ.

Таткото на Искра, Ванчо Трпевски, беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.

Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерското училиште „Кирил Симоновски – Џина“. Трпевски беше селектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската селекција на Македонија во поранешна Југославија, а беше и селектор на јуниорската и на младата селекција во Македонија.

Искра се сети на својот татко на неговиот роденден, и на својот инстарам-профил напиша: „Денес беше твојот ден тато. Многу ми фалиш и требаш, многу.“

Фото / Инстаграм

Таа и сопругот Благоја денес се среќни родители на Ангела која е тинејџерка и изучува музика. А, Искра е инаку професорка во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Иако болни случки одбележаа дел од нејзиниот живот, Искра Трпева е секогаш позитивна и насмеана. Во една прилика, таа сосема кусо за синот Петар рече:  „Почина само четири дена откако се роди. Тој е дел од мојот живот и ќе биде сè додека постојам“.

Ќерката Ангела во јуни наполни 14 години, а Искра во таа прилика за својата најмила напиша: „Среќна 14-ка мами. Мојата бесконечност си. Љубов“. Таа е причина за Искра повторно да се смее.

Ангела, ќерката на Искра Трпева Фото/ Фејсбук

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....