21:46 - 9 ноември, 2026

(Фото) Дуа Липа на англиски и на албански јазик се пофали со добиеното албанско државјанство

Познатата британска пејачка со косовско потекло Дуа Липа, на својот Инстаграм профил се пофали со добиеното албанско државјанство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ѝ го предаде уверението за државјанство на пејачката искажувајќи посебно задоволство.

„Пред 110 годишнината од прогласувањето независност на Албанија, не им оддаваме чест само на оние кои во минатото придонеле и помогнале во создавањето на албанската држава, туку и на оние кои со својот придонес во сите области го промовираат албанскиот национален идентитет и не прават горди во секој момент“, напиша Бегај на својот Фејсбук профил.

Липа пак, на својот Инстаграм профил ја истакна својата гордост обраќајќи им се на своите бројни следбеници на англиски и на албански јазик.

-Ви благодарам претседателе Бегај и градоначалнику Ерион Велиај на ова признание – добив албанско државјанство! Многу сум горда, напиша пејачката во описот на постираните фотографии.

Потсетуваме дека годинава во август Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово.

(Фото) Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово; На нејзиниот фестивал во Приштина ги собра сите музички ѕвезди!

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....