10:56 - 29 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез „уловена“ во економска класа: Како „обична смртничка“

54-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез, која се појави во луксузен аутфит на Диор на ревијата на новата колекција на луксузниот бренд во Париз, со летот на KLM од Неапол долета во француската престолнина во економска класа. Ова го пренесува таблоидот ТМЗ повикувајќи се на очевидци кои летале со дивата во истата економска класа, зачудени што ѕвездата не „лета“ во бизнис делот.

Лопез се измешала со другите патници и седнала покрај прозорецот, гледајќи во нејзиниот телефон, а пото задремала.

Пред да се качи на нејзиниот лет, таа прошетала низ аеродромот облечена во бел дуксер, спортски панталони и очила за сонце. Со себе имала масивна торба, која ја ставила на средното седиште до неа, во која може да собере сè што и требало за нејзиното патување. Телохранителот на Џеј Ло пак седел на првото седиште до патеката, а нејзината чанта била поставена меѓу нив.

Во Италија, од каде леташе за Франција, Џенифер летуваше сама, без сопругот и децата. И покрај осаменоста, според пријателите била расположена и одлично се забавувала возејќи се на јахта и правејќи селфи меѓу живописните глетки.

(Фото) Бен Афлек им се нафрли на папараците поради проблеми во бракот со Џенифер Лопез: Дерење на цел глас

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....