8.8 C
Скопје
00:26 - 22 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез ja покажа луксузната елка во својата скапа палата: Златни и сребрени украси, декорации со шишарки…

За фотосесијата, ѕвездата избра модна комбинација што одговара на елката и украсите во домот за Божиќ.

Познатите и богатите веќе во полн ек се подготвуваат за Божиќ и Нова Година, купуваат елки, ги украсуваат своите вили и ги објавуваат своите први фотографии на социјалните мрежи. Исклучок не е ниту 54-годишната пејачка и актерка Џенифер Лопез, која на социјалните мрежи објави фотографии од нејзината луксузна елка покрај која позираше.

На фотографиите, ѕвездата позира на празнична зимзелена позадина украсена со борови шишарки, шарени венци и златни украси.

Лопез, која многу сериозно го сфаќа божиќното украсување на домот (минатата година дури тематски го украси домот во стилот наречен „колибри“), ја задржа шемата на бои – златни и сребрени нијанси, па така освен украсите, и подароците кои се под елката се завиткани во златна и сребрена хартија и украсени со шишарки.

На нозете пак, ѕвездата носи сребрени светкави сандали со златни детали.

Инстаграм

Фотографиите се направени во домот на пејачката и нејзиниот сопруг Бен Афлек во Беверли Хилс, кој ги чинел речиси 61 милион долари. Двојката долго време го бараше замокот од соништата, прегледувајќи дузина луксузни недвижнини вредни десетици милиони.

Пространата вила вклучува 12 спални соби и 24 бањи, како и спортски комплекс на отворено со игралишта за кошарка и тенис. Откако го купија замокот, Лопез на продажба го стави својот дом со девет спални соби и 12 бањи и домашно кино во кој живееше до средината на оваа година.

Бен Афлек го направи истото и реши да се ослободи од своето ергенско гнездо. Во август, тој го стави на продажба својот дом за 30 милиони долари. Имотот во Лос Анџелес од 13.500 квадратни метри има седум спални соби, девет бањи и се наоѓа во близина на луксузниот кантри клуб Ривиера.

 

Слични објави

(Фото) Сузана Манчиќ изненади со торта со бројот 50 – поранешната лото девојка прослави пола век кариера

Еспресо

(Фото) Голем букет со цвеќе ѝ пристигна на Цеца! Пејачката доби и необично писмо, зборовите ја трогнаа

Еспресо

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Т.Ц.

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо
Се вчитува....