9.8 C
Скопје
22:28 - 19 октомври, 2026

(Фото) Дечкото на Јована Јеремиќ вози моќна машина од 150.000 евра: Тигар се снимаше по улиците на Белград, па објави фотографија од теретана

Откако стана познато дека водителката Јована Јеремиќ е во врска со Милош Стојановиќ, познат под прекарот Тигар, тој значително ја зголеми активноста на својот Инстаграм-профил. Сега се снимаше во моќен автомобил, а потоа објави фотографија од теретана.

На Инстаграм, Стојановиќ сподели видео во луксузен „Мерцедес“, чија цена се движи околу 150.000 евра. Возеше низ центарот на Белград, покажувајќи го ентериерот, а веднаш потоа се огласи од теретаната што редовно ја посетува.

Облечен во бела маица и црна тренерка, Милош бил подготвен за боксерски тренинг и напиша кратко:

„Ајде, бокс тренинг“.

Инаку, Јована е во коректни односи со поранешниот сопруг Војислав, како и со поранешниот партнер Драган Станковиќ, кои неодамна присуствуваа и на нејзината роденденска прослава во еден белградски ресторан.

Да потсетиме, Јована пред неколку месеци раскина со пекарот Драган Станковиќ. По раскинувањето изјави дека нејзиниот иден партнер ќе има голема одговорност.

„Мислам дека многу зајакнав. Мораме да бидеме свесни дека Бог гради и кога руши. Со смртта на мојата љубов заврши еден циклус. Во мојот живот сега постои празно место на машката вертикала — јас, како жена со ќерка, останав сама. Имам јас пријатели, семејство и Воја, но сфаќаш дека по првпат по 34 години тоа место е празно. Оној што ќе влезе во мојот живот ќе има голема одговорност кога станува збор за мене — тука мислам на емотивниот партнер“, искрено рече водителката.

Иако Јована сè уште јавно не ја потврдила врската со Милош, неодамна призна дека е среќна.

 

„За приватниот живот повеќе не зборувам во јавност. Кога ќе правам свадба и кога ќе бидам бремена, сите ќе бидете поканети. До тогаш, нема да коментирам ништо. Среќна сум. Тоа е доволно“, изјави Јеремиќ за „Блиц“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....