06:28 - 9 ноември, 2026

(Фото) Далеку од дома, нашиот пејач го загуби најважниот човек во својот живот

Иако веќе помина осум години откако се пресели во Америка, во Македонија уште се слушат неговите песни „Едно тело“, која е дуетот со ДНК, „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“ и други. Дарко Илиевски беше еден од најпопуларните македонски пејачи пред десетина години.

Потоа, тој се ожени со убавата Македонка Ивана која живее на Флорида, и сега имаат две деца, синот Матео кој има неполни шест години и ќерката Ана која има една година. Дарко е менаџер за продажба за државата Флорида во компанија која се занимава со продажба на комерцијална кујнска опрема.

Дарко Илиевски со семејството на Флорида Фото/Фејсбук

А инаку, со музика никогаш не престана да се занимава, тој настапува за иселениците од целиот Балкан во Америка и организира иселенички забави на кои настапуваат тој и негови колеги, пејачи како и диџеи.

На крајот од минатата година, Дарко на социјалните мрежи привлече внимание со својата драстична трансформација, откако ослабе дури 65 килограми за десет месеци.

Пејачот рече дека е тешко е да се издвои само еден фактор зошто ова му се случило. Тоа била комбинација од повеќе работи кои се случувале во неговиот живот последните 7 години, откако се преселил во САД.  Прво, големата животна промена, да замине од земја каде што имал кариера, и да почне од нула во странство.

„Храната во Америка е ужасна, полна со процесирани производи и токсини насекаде. Здравата храна тука е скапа и ретка“, изјави пејачот кој сега изгледа фит.

Поради лошото здравје, пејачот завршил во болница во Америка и 10 месеци успеал да ослабе 56 килограми. Фото/Фејсбук

Дарко Илиевски, сношти сподели една тажна објава на социјалните мрежи, тој го загуби човекот кој беше неговата најголема поддршка, неговиот татко.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша пејачот и доби многу пораки со поддршка и сочувство.

Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....