07:35 - 7 ноември, 2026

(Фото) Да се кладиме дека ќе ве насмееме?! Вака изгледал Аца Лукас во младоста, „сучка“ слаб и да – „симпатичан момак“

На социјалните мрежи почна да кружи новогодишна фотографија од срспкиот фолкер Аца Лукас, ама од деновите на неговата младост.

Признаваме, и ние „кликнавме“ на фотката за да видиме како изгледал Аца во „старите“ денови, ама со него позираат и две други денешни ѕвезди.

Малкумина знаат дека Аца Лукас, Иван Гавриловиќ и Ненад Кнежевиќ Кнез се дружеле во 90-тите, а еве ги и овековечени заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Она што прво ви паѓа во очи е – Каде е Аца?

Прв од лево.

Лукас пред три децении очигледно бил многу послаб и имал сосема поинаков стајлинг од денешниот.

Како што беше модерно во деведесеттите, (и тој по модата) – горниот дел од облеката се носеа напикани во панталони или тренерки, така и Аца, како што се гледа на фотографијата, ја ставил блузата во панталоните и ја досредил со блескав метален ремен.

„Симпатичан момак“ – гласи еден од подбивливите коменатари на Инстаграм, мислејќи на реплика ви филмот „Ко то тамо пева“.

И неговиот колега Иван Гавриловиќ бил слаб во младоста, додека Кнез три децении подоцна изгледа речиси исто, само што денес има уште неколку брчки на лицето.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....