00:18 - 28 ноември, 2026

(Фото) Бред Пит собра бројни критики поради новиот имиџ: „И тој ли падна на ваква мода…“

Холивудскиот актер Бред Пит се појави во јавноста со капа од модната марка „барбери“ по цена од 320 фунти. Фотографиите се објавени на порталот Дејли меил.

60-годишниот Бред Пит беше „уловен“ од папараците додека го снимаше филмот за Формула 1, на патеката Силверстоун. Холивудскиот актер се појави во јавност облечен во бела маица, крем бомбер јакна, беж панталони и авијатичарски очила за сонце. Изгледот беше комплетиран со капа „барбери“, па многумина поради ваквиот нов имиџ го нарекоа „помодар“.

Новиот блокбастер на ѕвездата кој е во завршна фаза на снимање и кој ќе се вика Ф1, се работи во копродукција со формула 1 возачот Луис Хамилтон.

Бројни читатели на Дејли мејл негативно го коментираа новиот имиџ на Пит.

„Сè на него вреска дека е во средовечна криза“, „Јас вака би се облекол за на риболов“, „Дури и Бред Пит не можеше да ја извлече од ваква монструозна мода“, „Само гопниците носат капи барбери“…се само дел од бројните негативни коментари.

Во ноември 2022 година, за прв пат се појавија гласини за романса помеѓу Бред Пит и Инес де Рамон. Двојката беше забележана заедно на концертот на Боно во Лос Анџелес, а потоа и на премиерата на новиот филм на актерот „Вавилон“. Новата партнерка на Пит е нутриционистка, фитнес тренер и дизајнерка на накит. Инес де Рамон неодамна беше критикувана поради нејзините видливи мустачиња над усните.

Среќни луѓе: Три хороскопски знаци ќе имаат луда среќа до крајот на неделата

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....