9.8 C
Скопје
18:19 - 30 март, 2026

(Фото) Без шминка во домашно издание: Јелена Јованова каква што не ја знаеме

Актерката Јелена Јованова објави фотографија без шминка, во домашна атмосфера, каква што не сме ја виделе досега. Јелена изгледа одлично во природно издание, а фотографијата е објавена со посебен повод.

По повод нејзиниот 41. роденден. Покрај фотографијата, актерката која живее во Загреб со сопругот и со децата, им се заблагодарила на сите што ѝ посакале среќен роденден.

Во септември во 2024 година, Јелена и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ го добија својот втор син. Таа како и првиот пат, успешно ја криеше и втората бременост од јавноста, а веста за породувањето ја соопшти нејзиниот брат на Фејсбук.

„Нека ни е живо и здраво, станав вујко по вторпат. Честито Јелена“, напиша брат ѝ на Јелена, Гоце.

Јелена го роди синот Јаков за време на пандемијата, во јуни во 2020 година. Тогаш, среќната вест прв ја објави Игор Џамбазов.

– Познавајќи ја природата на нашата работа, што бара таа, работното време што не е стандардно – сигурно ќе донесеше поголем предизвик да не го делев животот со човек што е од истата бранша. Не само од аспект на родителство.

Нам сѐ уште ни успева да се следиме еден со друг каде и да нѐ носи работата. Свесно го правиме тој избор. Не ми се допаѓа кога ќе слушнам како мајката го фали таткото дека ѝ помагал со децата.

Нема што да помага. Погрешна е перцепцијата. Едноставно детето е и негово и обврските се еднакви – рече Јелена во едно интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....