11.8 C
Скопје
10:17 - 16 октомври, 2026

(Фото) Бен Афлек доносе огромна лична одлука откако се ожени со Џенифер Лопез: За каков профит го продава ергенскиот дом?

Бен Афлек го стави на продажба својот ергенски луксузен дом само неколку недели откако се ожени со Џенифер Лопез.

Двојката бараше заеднички дом во изминатите неколку месеци, но сепак, нивниот договор за замокот во Бел Ер од 55 милиони долари, кои сакаа да го купат, пропадна во април.

Сега пак, Бен е подготвен да се збогува со својот поранешен дом – но по цена на огромен профит. .

Куќата се наоѓа Пацифик Палисадес, луксузна населба во регионот Вестсајд во Лос Анџелес, Калифорнија.

Ѕвездата на „Good Will Hunting“ го купи имотот за 19 милиони долари по неговиот развод од Џенифер Гарнер во 2018 година. Тој е само една милја оддалечен од местото каде што живее неговата поранешна сопруга со нивните три деца – Виолет, Серафина и Семјуел – и може да се пофали со 13.500 квадратни метри простор за живеење, опремен со сè, од климатизирана визба и теретана, до спа соба и домашно кино.

Во градината има голем тревник, базен со тобоган, надворешна кујна и гостинска куќа покрај базен комплет со сопствена кујна и бања.

Бен сега ја ставил куќата на продажба за 30 милиони долари, потенцијално заработувајќи импресивни 11 милиони долари профит откако ја купил.

принтскрин
принтскрин
принтскрин
принтскрин

И Бен и Џенифер имаат свои огромни портфолија на имоти и не е јасно дали имаат намера да продадат повеќе од нивните индивидуални имоти откако ќе се вселат заедно на едно место, или пак, ќе одлучат да ги задржат своите инвестиции на другите места.

Само домовите на Џенифер вредат околу 97 милиони долари, со вилата на брегот на  Star Island во Мајами од 32,5 милиони долари и викендичката Енкино од 1,4 милиони долари што ја купила со нејзиното поранешно момче Алекс Родригез.

53-годишната ѕвезда, исто така, поседува куќи во Хемптон и Њујорк, како и семеен дом во Бел-Ер, кој го купи во 2016 година и законски го дели со нејзините близнаци Макс и Еме.

Бен пак, има имот на островот Хемптон во Џорџија, кој го откупил кога тој и Џенифер првпат се забавувале во 2003 година.

Слични објави

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо
Се вчитува....