19.8 C
Скопје
13:21 - 24 април, 2024

Астро прогноза за среда, 10 август

Овен
На работа чекате некои многу важни вести. Можно е наскоро да имате чувство на големо олеснување на деловно поле. Иако не сте подготвени за нова врска, имате додворувач кој е упорен и не се откажува од вас. Не бегајте, туку дозволете му да ви пријде. Барем дозволете му еден разговор на таа тема. Ве мачи несоницата.

Бик
Го остваривте деловниот напредок што го посакувавте и задоволни сте од вашата деловна позиција. Со нетрпение очекувате да комуницирате со личноста за која имате силни емоции. Еден во друг го наоѓате она што ви е потребно. Имате проблеми поради напнатостa, ве мачи немир и несигурност.

Близнаци
Свесни сте за проблемите на полето на работата. Но, во наредниот период ве очекуваат промени коишто ги посакувавте. Важно е да бидете подготвени и да се соочите со нив. Ве очекува фаза која ви носи нова љубов. Подготвени сте за нови авантури и предизвици на овој план. Немате поголеми здравствени проблеми.

Рак
Ви претстои добар период на деловно поле. Можно е со саканата личност да имате некоја помалa дистанца, која дури и ќе ви годи. Имате големи очекувања кога станува збор за саканата личност. Се ослободивте од сите сопирачки што ги имавте и сега сте подготвени да се посветите на максимален деловен напредок.

Лав
Денешниот ден е претставен преку променлива и нестабилна ситуација на полето на работата. Не сте задоволни од ситуацијата. Саканата личност ќе ви ги покаже своите искрени чувства. Ве очекува подобрување на вашиот љубовен однос. Ве очекува фаза во која ќе имате нова можност на емотивно поле. Mожни се мали хормонски проблеми.

Девица
Подготвени сте да ги прифатите новите шанси на деловно поле. Здодевно ви е, па затоа на моменти знаете да бидете непријатни кон луѓето. Ќе имате можност на деловно поле да покажете дека сте експерт во својата професија. Денес многу лесно ќе остварите добар однос со саканата личност. Посветени сте еден на друг.

Вага
Денот е многу поволен за склопување договор кој ќе ви го смени животот. Ќе можете да ги решите деловните проблеми. Ќе се сомневате во партнерот поради нереалните ветувања што ви ги дава. Подготвени сте да се посветите на важни задачи. Доколку барате нова личност во вашиот живот, наскоро ќе ви се случи вакво познанство.

Скорпија
Ако сега покажете дека сте одговорни и подготвени да се посветите на работата, подоцна ќе бидете наградени за тоа. Многу ви пречат неповолните околности во кои се одвива врската со саканата личност. Проблемите што ве мачат нема да можете да ги решите без ничија помош. Посветете се на својата работа темелно и одговорно.

Стрелец
Во наредниот период ќе ви се укаже можност да добиете подобра работа. Можно е да забележите нова личност, која ќе ви стане многу пријатна. Сакате љубовни промени. Една личност кон која имате чувства ќе ви ги покаже своите чувства на необичен начин. Немате нагласени здравствени проблеми, освен мали проблеми со грлото.

Јарец
Успехот многу набрзо ќе биде пред вас. Позитивни деловни околности. Решивте да ставите крај на врската од минатото и максимално да се посветите на нови познанства. Ќе имате ситни промени кои долгорочно би можеле добро да се одразат на работата. Ќе ви треба време за да донесете конечна одлука на љубовно поле.

Водолија
Денес е добар ден за вас. Може да очекувате период кој ќе ви донесе стабилизација на деловното работење. Лошите искуства ве научиле да бидете помудри во љубовта. Понекогаш треба да бидете тактични. Не си дозволувате да се впуштате во какви било ризични работи. Важно ви е за постигнување сигурност во оваа област.

Риби
Денешниот ден ви е особено поволен на љубовно поле. Можно е да успеете да си ја исполните желбата и да ја освоите личноста која подолго време ја „ловите“. Ви претстои тежок ден кога станува збор за работата. Ќе имате многу обврски кои ќе ве притиснат. Тешко ви е да се соочите со тешкотиите што ги имате на деловно поле.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....