29.8 C
Скопје
13:28 - 8 септември, 2026

(Фото) Аница Лазиќ ја прегрнува познатата манекенка! Ристовски ја вметнал во својата серија, настанал хаос

Пред неколку години, врската помеѓу Аница Лазиќ и нејзиниот 39 години постар партнер и колега Лазар Ристовски привлече големо внимание од јавноста.

Иако нивната врска не наиде на одобрение од јавноста поради големата разлика во годините, па двојката постојано беше изложена на критики, тие докажаа дека нивната љубов е искрена и може да ги издржи сите предизвици.

Аница и Лазар летоска се огласуваа од егзотични дестинации, но во последно време не сме ги виделе заедно.

Сега таа покажа во чие друштво ужива, а тоа е нејзината пријателка, српската манекенка Софија Милошевиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)


Аница објавила фотографија од нив двете, откривајќи дека се познаваат долго време уште од училиште:

„Заедно од училишната клупа на Третата белградска гимназија, а сега и колешка на снимањето на серијата „Крунска 11“. Софи – убава однадвор, уште поубава однатре“, кратко напишала Аница.

Софија ѝ возвратила на прекрасната порака и во описот со краток коментар.

– Ти си најпрекрасна – ставајќи неколку срциња во пораката.

Потсетете се дека Аница неодамна откри како се запознала таа и Лазар Ристовски.

– Лазар и јас се запознавме без никаков посредник, единствениот посредник беше Бог. Се сретнавме во Белград, се погледнавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. После таа прегратка, седнавме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, велам од првиот пат кога се погледнавме. Разговаравме дали треба јавно да излеземе и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме дека треба да објавиме, Лазар не би бил Лазар ако не го правеше тоа на свој начин – рекла таа.

– Едно утро објави дека сме заедно додека спиев и отидов на работа. Станав малку подоцна, не го вклучив веднаш телефонот и ме чекаше море од пораки, тогаш не ми беше смешно. Потоа ги видов насловите што се објавуваат и денес. Доживеав сајбер малтретирање. Имав помош од психотерапевт, а Лазар беше голема поддршка, во тие моменти се прашував како им е на некои деца – додала Аница за „Прва“.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova
Се вчитува....