14:06 - 8 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражњатовиќ го покажа прстенот: Немања ја одведе во Сен Тропе за да ја опсипе со романтика

По извесен период од трагичната загуба на бебето, Немања Гудељ и Анастасија Ражњатовиќ го продолжија заедничкиот живот. Наследничката на Цеца пред неколку дена го врати својот Инстаграм профил и моментално ужива со својот избраник во Сен Тропе.

Освен што во последниот период доста посетувала манастири, но и многу други дестинации, Анастасија во меѓувреме работела и на својата психофизичка состојба за да се врати во полн сјај.

Очигледно дека успеа да се среди, и сега ужива на романтичната дестинација во друштво на саканиот и негови пријатели.

Шетајќи низ прекрасните улици на Сен Тропе, Анастасија „улови“ кадар во кој можеме да го видиме Немања после естетска интервенција. Во еден момент, погледот паѓа на раката на Анастасија, која откри прекрасен прстен. Следбениците на социјалните мрежи веднаш заклучија дека станува збор за тајна свршувачка. Секако, ова е само претпоставка на сите оние кои преку социјалните мрежи го следат секој чекор на Анастасија.

принтскрин

Дали навистина се вериле или не, помалку е важно. Сега е најважно дека повторно со иста енергија уживаат во љубовта.

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....