19:27 - 28 ноември, 2026

(Фото) Александра Јанева брои ситно до породувањето и изгледа одлично

Пејачката Александра Јанева која наскоро ќе стане мајка изгледа одлично на новата слика која ја сподели. ​

Една од последните објави на популарната пејачка на социјалните мрежи е фотографија на која е во друштво со пријателката Ивана Гесовска.
​Еден од нашите најмоќни женски вокали во поп-музиката, неодамна изненади со веста дека таа и сопругот Иван очекуваат ќерка. Убавата новост дојде во исто време кога Јанева, двојна победничка на „Макфест“, го објави синглот „Сестро“, посветен на сите жени.

Фото/Инстаграм

„Иван и не е така непознат за јавноста, само е попознат во светот на спортистите. Тој е поранешен младински репрезентативец во ракомет, беше дел од ‘Вардар јуниор’ и одигра една сезона во грчкиот ‘Аеропос Едеса’. Но, дипломиран програмер е и денес тоа му е примарната професија.
Се запознавме преку заеднички пријатели, девет месеци пред случајно да нѐ спои една ненамерно пратена порака на Инстаграм од негова страна. Дотогаш бевме само пријатели, познајници што ретко се среќаваа, но знаевме да комуницираме виртуелно неколкупати годишно, да си честитаме роденден, да се пошегуваме за нешто“, рече Александра неодамна во интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....