07:32 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ал Пачино и Нур „уловени“ на романтична вечера: Прво излегување по раѓањето на бебето

Ал Пачино и неговата девојка Нур Алфалах за прв пат беа видени во јавноста по раѓањето на нивното прво дете. Отишле во ресторан во Санта Моника, пишува Дејли Мејл.

Твитер

Ал Пачино и неговата девојка Нур Алфала во вторникот излегле на вечера во популарниот ресторан Џорџо Балди. Познатите личности се луди по овој екслузивен италијански ресторан.

Ѕвездата на „Кум“ (83) и Нур (29) се одлучија за црни модни комбинации. Новинарите забележале дека биле без возач, а автомобилот го управувала Нур.

Да потсетиме дека Нур Алфалах Ал Пачино доби бебе во јуни.

Претставник на среќната двојка ја потврди веста и рече дека бебето се вика Роман Пачино.

Откако Роман се роди, Нур откри дали планира да го вклучи во актерството.

„Тој може да прави што сака“, рече Нур и истакна дека е многу среќна што стана мајка.

Ал Пачино никогаш не се оженил, но има 33-годишна ќерка со учителката по глума Јана Тарант и 22-годишните близнаци Антон и Оливија со актерката Беверли Д’Анџело, со која се забавуваше од 1996 до 2003 година.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....