17.8 C
Скопје
15:32 - 18 октомври, 2026

(Фото) Актерката Оливија Кулпо му кажа „да“ на фудбалерот Кристијан мек Кафри: Венчаница „долче и габана“ и безвременска убавина

Победничката на Мис Универзум во 2012 година, а денес позната актерка, Оливија Кулпо, се омажи за американскиот фудбалер Кристијан мек Кафри, со кој се забавуваше околу пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Свадбата се одржа во родната држава на 32-годишната Оливија, Род Ајленд, која таа ја претставуваше на изборот за Мис на САД. Невестата одеше по патеката во венчаница на Долче и Габана со тркалезно деколте, долги ракави и копче што се прицврстува на задната страна. Носеше и традиционален вел, украсен со тантела, долг речиси пет метри. 28-годишниот младоженец на прославата дојде во класичен црн костум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Според Оливија, таа не сакала нејзиниот стил на венчавката да се поврзува со сексапилност во каква било форма.

„Сакав да се чувствувам слободна, така што фустанот ги нагласи моите предности, но не ме обзема. Има толку многу убавина и едноставност во ова“, рече Кулпо во интервју за Вог, додавајќи дека нејзиниот партнер ја смета за особено убава во таквите работи – безвременски, скромни но елегантни облеки.

Гласините за романса меѓу Оливија и Кристијан се појавија во мај 2019 година, а во април 2023 година парот ја објави својата свршувачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....