09:31 - 8 ноември, 2026

Еве што се случува ДЕНЕС со БРУС ВИЛИС, првпат „уловен“ по веста за болеста

Актерот Брус Вилис (66), според странските медиуми, има сериозни проблеми со меморирањето на текстови, но и со дијалогот, што многумина првично го препишаа на неговата мрзеливост. Сепак, како што се испостави, работата е многу посериозна.

Откако му беше дијагностицирана афазија, актерот реши да се повлече од јавниот живот, а сега е виден за прв пат по објавувањето на веста.

Неговата сопруга Ема Хеминг (43) со мелодија на Хонки Тонк „Жени“ од Ролинг Стоунс го објавила видеото. Брус е „фатен“ како шета во шума во чистиот пролетен ден.

Актерот делува среќно и изгледа дека ужива во друштвото на сопругата, која периодов му е голема поддршка.

Таа сподели и серија фотографии од излетот со Брус, а во описот пишува „Мама и тато во нивното омилено живеалиште“.

Семејството на Вилис, вклучително и неговата сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур (59) и петте ќерки, објавија заедничка изјава минатата недела преку Инстаграм во која се наведува дека холивудската ѕвезда „има здравствени проблеми и ѝ е дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивните способности и дека нема да глуми во иднина“.

принтскрин Инстаграм

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....