5.8 C
Скопје
05:51 - 19 октомври, 2026

Еве што прави сега водителката Маја која рушеше табуа, и што кажа за жените кои се „втори“

Маја Синадиновска, некогашната водитека на ноќната програма „1001 ноќ“ во која ги рушеше табауата и со своите гости зборуваше за еротиката, сега е успешна претприемачка, таа има свој бутик за облека за големи броеви.

„Многу нешта, речиси сè што беше табу пред 30 години остана табу до денешен ден. Ние сме општество кое навидум чекори напред, а всушност секој ден или се враќаме чекор наназад или стагнираме. Ние сме народ кој навидум сака прогрес, а седи со скрстени раце.

Промените не можат да се издејствуваат молкум, седејќи на домашниот тросед. Треба ангажман, потребни се идеалисти, гласноговорници, двигатели и конечно и народ, кој ќе сака да следи. Како нација сме научени да чекаме друг да ни го сервира сработениот напредок на секој можен план, плашливи сме.

Од друга стана ова е волчјо време, време на револуционерна технологија, на војна на моралот и етиката против развратот и криминогените елементи. Во едно вакво време и општество, како би можела жената да се промени, да отвора нови, за себеси позитивни, хоризонти?

Впрочем, и во минатото и денес, не само жената, туку и сите ние како општество ги живееме секојдневно сите табуа, но кога треба да зборуваме за нив, да ги побиеме, да ги разнебитиме, ние остануваме неми. Двојниот морал царува со децении кај нас.

Секогаш и за сè што е табу му префрламе на соседот, пријателот, роднината, додека ние во преден план го практикуваме, другиот го озборуваме и го линчуваме јавно. Жената е сè уште најголемиот непријател на друга жена кога треба да се „спаси“ себеси. Прогресот е во обединување на прогресивната мисла и во нејзиното објавување.

Тој елемент е длабоко отсутен кај нас. Сè додека го потенцираме  „неморалот“ на друга жена пред мажи, ние назадуваме. Што е уште потрагично, и мажите во нашето општество почнаа да наликуваат на жените. Во минатото барем тие ни беа репер, сега немаме репер. Царува личниот интерес, колективното отсуствува буквално на секој план. Кога нема идеологија, нема прогрес“, рече Маја во една прилика за „Слободен печат“.

Таа и денес често објавува провокативни слики и статуси на социјалните мрежи, а во најновиот објавила една своја постара слика, но со интересна мисла: „Правило број 1, никогаш не дозволувавајте да бидете жена број 2“.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....