22.8 C
Скопје
14:48 - 19 октомври, 2026

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Каролина Гочева повторно е во Прага, еден од европските градови во кои со задоволство се враќа.
Пејачката објави неколку снимки од чешката престолнина на својот инстаграм-профил, а на една од нив напиша: „Hello Prague. Еве ме пак“.

Каролина сподели кадри од центарот на Прага и од препознатливата архитектура на градот.
Ова не е прво патување на Гочева во Прага. Во јуни 2025 година таа го посети градот заедно со сестра ѝ Александра и внуките Инес и Луција. Тогаш семејното патување го искористија и за да присуствуваат на концертот на светската музичка ѕвезда Били Ајлиш.

Гочева и тогаш сподели повеќе фотографии од чешката престолнина, па нејзината денешна порака „Еве ме пак“ покажува дека со задоволство повторно се вратила во Прага.

Патувањето доаѓа само неколку дена по промоцијата на нејзината нова песна „Си љубела, ќе љубиш“, која Каролина ја сними во соработка со Пијан Славеј и Драги Иванов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Со оваа соработка Каролина продолжува да истражува звук различен од класичниот поп по кој публиката ја препознаваше на почетокот од кариерата, а во последните години сè почесто се навраќа кон музика со македонски традиционални и етно елементи.

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.
Се вчитува....