21:16 - 9 ноември, 2026

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Поп-ѕвездата Каролина Гочева деновиве престојува во Полска, и на Инстаграм сподели дел од атмосферата во главниот град, Варшава.

Пејачката објави фотографија од една од најпознатите знаменитости на полската престолнина, монументалната Палата на културата и науката, осветлена во вечерните часови.

Величествената зграда, која доминира над панорамата на Варшава, е еден од најпрепознатливите симболи на градот и омилена туристичка атракција, а токму нејзиниот ноќен изглед го привлече вниманието на Каролина.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Таа од своите патувања речиси секогаш објавува фотографии, покажувајќи дека покрај музиката, ужива и во откривањето на нови дестинации.

Пред два месеци, Каролина заедно со сопругот Михаил Корубин, престојуваше во Венеција, каде што го посети 61. издание на Венецијанското биенале, една од најзначајните светски манифестации за современа уметност, но и уживаше во убавините на градот.

Instagram

Таа сподели низа фотографии од прошетките низ градот, но и од посетата на уметничките павилјони, вклучувајќи го и македонскиот национален павилјон, каде што е поставено делото „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски.

Ова не беше прва посета на Каролина на Венецијанското биенале. Таа и Михаил присуствуваа на јубилејното 60. издание на манифестацијата, кога ја посетија изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на македонската претставничка Славица Јанешлиева.

Instagram

Гочева важи за една од најголемите поп-ѕвезди во Македонија. Pрвите чекори во животот таа ги направила во семејната куќа во Битола.

Иако поп-ѕвездата веќе долги години живее во Скопје, во сите свои интервјуа таа со огромна гордост и емоции раскажува за детството поминато во Битола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....