13:21 - 7 ноември, 2026

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Новата песна на миленикот на генерацијата Зет, Јанг Дади, само што излезе и веќе стана хит. Пејачот важи за еден од најзабавните артисти на нашата сцена. По „Лидија“ која сè уште не излегува од глава, Дади овојпат пее за мамините синови.

Музиката и текстот на песната „Син на мама“ се дело на Дади, оригинално, штосно и забавно.

Тој пее за митот или вистината (одлучете сами) дека постојат мажи коишто и по адолесенцијата, засекогаш остануваат мамини синови, за оние на кои мама им одлучува сè во животот, па дури и изборот на животен сопатник.

Во интересниот видеозапис како главна улога, односно мајката на Дади,  се јавува инфлуенсерката и поранешна водителка Миа Костова. Спотот прикажува како мајката одбира жена за нејзинот син. Костова ги мерка девојките што се дојдени на аудиција во нивниот дом и гласа со оцени.

Погледнете го видеозаписот до крај да видите што ќе се случи и дали Дади ќе рипне во тавче.

 

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....