17.8 C
Скопје
15:49 - 18 октомври, 2026

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Една од најпознатите песни на Лепа Брена се најде во центарот на вниманието по веста што растажи многумина, а се огласи и познатата пејачка со емотивна порака.

Еден од најголемите хитови на Лепа Брена, песната „Луда за тобом“, со години ја освојуваше публиката низ целиот Балкан, а малкумина знаат дека доби своја верзија и во Бугарија. Токму поради таа обработка, деновиве вниманието на јавноста го привлече тажната вест дека починала Надежда Захариева (81), авторката на текстот на бугарската верзија на оваа песна.

Бугарската пејачка Камелија, која ја изведуваше песната „Луда по тебе“, се збогува со неа со емотивна порака. Таа објави фотографија од починатата авторка на социјалните мрежи и ѝ упати последен поздрав.

– Замина потесата што ја напиша „Лупа по тебе“, почивај во мир прекрасна Надежда – напишала Камелија.

Малку е познато дека еден од најголемите хитови на Брена настанал според грчката песна, која подоцна доби фолк аранжман и стана голем хит на овие простори.

Две години откако Лепа Брена ја сними својата верзија, песната беше преработена од бугарската пејачка Камелија под името „Луда по тебе“.

Оригиналната песна „Астатос“ ја изведува грчкиот пејач Пасхалис Терзис.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....