08:34 - 19 август, 2026

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Велшката пејачка Бони Тајлер која почина во 76-та година од животот, зад себе остави неколку хитови од кои особено се истакнува безвременската „Total Eclipse of the Heart“ .

Оваа моќна балада која во 1982 година ја напишал Џим Штајнман првично не била замислена како класична љубовна песна.

Штајнман ја создал песната под влијание на готската атмосфера на „Носферату“ и ја опишувал како своевидна „вампирска љубовна приказна“. Како што самиот кажал, насловот на песната е метафора – целосно затемнување на срцето, момент кога човек останува без светлина поради емоционална болка, приказна за нешто толку силно што продолжува да те прогонува и кога веќе го нема.

„Имав визија за жена која лежи на земјата и гледа во месечината како жртва. Еднаш работев на музика за познатиот филм „Носферату“ на Мурнау и отсекогаш знаев дека вампирите би биле идеална тема за опера или мјузикл. Всушност, ја напишав „Total Eclipse of the Heart“, веројатно мојата најуспешна песна досега, како почит кон Носферату“, рече Штајнман.

Штајнман откри дека оригиналниот наслов воопшто не бил „Total Eclipse of the Heart“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bonnie Tyler (@bonnietylerofficial)

-Нејзиниот оригинален наслов беше „Vampires in Love“ („Вљубени вампири“). Ако некој ги слуша стиховите, тие навистина звучат како вампирски реплики. Сè е за темнината, моќта на темнината и местото на љубовта во таа темнина…“, рече Штајнман во интервју за „Playbill“ за вклучувањето на песната во неговиот мјузикл „Dance of the Vampires“ од 1997.

Кога Бони Тајлер првпат ја слушнала „Total Eclipse of the Heart“, сфатила дека пред неа е нешто посебно.

-Само што потпишав договор со „Сони“ и сакав да се префрлам од кантри-рок на рок. Mу кажав на Муф Винвуд дека сакам да работам со Џим Штајнман, кој ги напиша песните и го продуцираше албумот на Мит Лоаф. Муф ме погледна како да сум луда и ми рече дека Џим никогаш нема да се согласи. „Само сакам да го прашаш“, му реков. – откри Бони Тајлер во интервју за „Гардијан“.

Нo кога Штајнман ја слушнал Бони Тајлер со нејзиниот препознатлив рапав и емотивен глас, знаел дека таа е совршениот избор. Три недели подоцна Бони и нејзиниот менаџер отишле во неговиот стан во Њујорк.

„Се вративме пресреќни – се запознавме со Џим Штајнман! – а три недели подоцна повторно нè повика кај него. Тој свиреше на пијано, додека Рори Дод ја пееше „Total Eclipse of the Heart“ за мене. Веднаш сфатив каква неверојатна песна е тоа.“ – се присети Бони во интервјуто.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 19 август: Ви претстои одличен период, искористете ги можностите

E.A.

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо
Се вчитува....