8.8 C
Скопје
05:49 - 18 октомври, 2026

Емина Јаховиќ има совршена линија: Ова се деталите од ригорозната диета

Пејачката Емина Јаховиќ изгледа фантастично, а ја одржува витката линија благодарение на специфична диета.

Таа откри дека се случува да гладува поради својот изглед.

– Еднаш месечно гладувам. Тоа го правам веќе некое време. Не јадам точно 48 часа – признава Емина, а пренесува српски „Блиц“.

На социјалните мрежи таа еднаш се пофали дека не јадела цели 20 часа, но дека не мисли тука да сопре.

– Точно 20 часа без храна. Одиме! – порача Јаховиќ на Инстаграм, па потоа додаде дека планира да продолжи во ист ритам уште 28 часа.

Нутриционистката Милјана Шарац објаснува за што станува збор.

– Тоа е таканаречена автофагија. Постојат различни тајминзи на гладување во зависност од тоа што сакаме да постигнеме. Ваквите видови на диети се добри, само ако личноста здраво се храни.

Таа додава дека со ваков тип на диета организмот може да се прочисти. Односно самото име автофагија значи „да се јадете самите себе“. Но тоа не значи дека на овој начин ќе се „изеде“ масното ткиво. „Кога се во прашање здравствени проблеми, кај луѓе кои здраво се хранат, во ред е да се уфрли вакво чистење на организмот. Во спротивно, вакво изгладнување не е добро, зашто го забавува метаболизмот и постигнуваме само контраефект“ – вели нутриционистката.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....