14.8 C
Скопје
17:36 - 15 мај, 2024

Астролог советува како да ја подобрите врската според хороскопскиот знак на партнерот

На секоја врска одвреме-навреме ѝ е потребно освежување. Во недостаток од идеи како тоа да го направите, хороскопот ви нуди решение.

Воздушни знаци

Близнакот, Вагата и Водолијата се личности кои сакаат да комуницираат, па ритуалите кои подразбираат разговарање, пишување и сето она што е поврзано со употреба на зборови, ги исполнува. Воздушните знаци секогаш мораат да се чувствуваат стимулирано, бидејќи во спротивно ќе западнат во досада, па затоа нонстоп планираат некакви активности кои ќе ги одржуваат активни.

Астро-идеи: Одвојте една вечер само за вас двајца, посветена на некоја игра со зборови. Еднаш месечно организирајте „мегдан“, на кој еден со друг ќе си читате ваша хаику поезија, во која сте напишале за она што го чувствувате еден за друг. Исто така, можете и да си испланирате вечер во која заедно ќе си читате книга од омилениот автор.

Огнени знаци

Овенот, Лавот и Стрелецот сакаат акција и движење и им паѓа тешко да седат мирни во едно место. Бидејќи не сакаат да прават иста работа цело време, треба една вечер неделно да си ја определат за забавни активности, кои ќе им ја покренат возбудата и ќе ги стимулираат.

Астро-идеи: Активирајте се со партнерот, искачувајќи се на вештачка карпа или на планина. Запишете се на часови по танцување кои ниеден од вас никогаш не ги посетувал. Исто така, еднаш неделно испланирајте заедничко излегување, на кое нема да го правите истото коешто сте го правеле на претходниот состанок.

Водени знаци

Раковите, Скорпиите и Рибите мораат да воспостават емотивна конекција, па затоа, ако сте родени во некој од овие знаци, важно е да најдете некоја активност која ќе ви овозможи да се поврзете уште подобро со партнерот.

Повторното откривање на емотивната длабочина на партнерот, прави водените знаци да се чувствуваат попријатно во врската. Водените знаци мораат да ја истражат својата имагинација, па уметничките активности се одлични за нив.

Астро-идеи: Гледајте заедно филмови кои се исполнети со емотивен набој. Одете на предавања или курсеви поврзани со уметност во каков било облик за да ги споделите вашите уметнички способности.

Земјени знаци

Бикот, Девицата и Јарецот се практичари и сакаат да го видат резултатот од својот труд. Ритуалите и рутините со кои се постигнуваат некакви резултати се идеални за овие знаци. Тие попрво би правеле нешто корисно со партнерот, отколку забавно. Најдете некоја заедничка активност која е занимлива, но истовремено практична.

Астро-идеи: Пуштете музика, средувајте го домот и повремено танцувајте заедно. На овој начин ќе бидете истовремено корисни и креативни.

Слични објави

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

еспресо

(Видео) Јована Јоксимовиќ распамети со новата фризура! Водителката направи голема промена, коментарите се нижат

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Атописки дерматит – егзема кај децата

еспресо

Лежерно, а скапо! Цеца ја посети снаата во породилиште во облека која чини колку еден стан

Еспресо

Саша Поповиќ заврши во болница, директорот на „Гранд“ во количка

Еспресо

(Фото) Сѐ пука од луксуз: Погледнете ја вилата на Николина Пишек вредна 1,7 милиони евра

Еспресо
Се вчитува....