12.8 C
Скопје
04:26 - 30 септември, 2026

Елвис Присли добил револвер на подарок пред да почине кој сега на аукција постигна цена од 200.000 долари

Револвер на покојниот крал на рокенролот, Елвис Присли, беше продаден за неверојатни 200.000 долари на аукција.

Револверот Smith & Wesson, модел „53“, му бил подарен на Присли девет месеци пред неговата смрт на 42-годишна возраст во 1977 година.

ТМЗ објави дека парчето сувенир било купено за 199.750 долари преку аукциската компанија „Рок ајланд“.

Конечната понуда повеќе од двојно е поголема од цената што се очекуваало да ја достигне. Предвидената цена се движела од 60.000 до 90.000 долари.

Додека покојниот хитмејкер беше познат по својот кадифено-мазен баритон, тој беше и колекционер на старо оружје кога не ги доведуваше фановите до масовна хистерија во текот на своите настапи во живо.

Елвис вежбал гаѓање на своето стрелиште во Грејсленд и бил познат по тоа што носел пиштол со себе на концертите во последните години од животот.

Според веб-страницата на аукциската куќа Rock Island, Елвис пред својата смрт наводно поседувал 37 парчиња огнено оружје и автоматска пушка, вклучувајќи го и револверот што беше продаден на аукција.

Револверот го изгравира Расел Џеј Смит, мајстор гравер во „Смит и Весон“ во 1976 година како посебен, комеморативен подарок. За жал, Елвис имаше помалку од една година да ужива во својот приспособен подарок.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....